Битката кај Ерзурум — голема зимска руска офанзива против силите на Отоманското Царство, која траела од 10 јануари до 16 февруари 1916 година и која завршила со освојување на градот од рускте сили.

По поразот кај Сарикамиш, Турците се обиделе да ја реорганизираат својата сила. По започнувањето на геноцидот настанал и проблем околу снабдувањето на турските сили бидејќи ерменските трговци биле главни снабдувачи на османлиската армијаWalton, 1984. Во меѓувреме Галиполската операција била при крај и руските власти знаеле дека Османлиите ќе имаат поголем број на војници на располагање.

Руската армија располагала со околу 300.000 војници, 35.000 коњаници, 150 камиони и 20 авиони додека османлиската имала околу 135.000 војници. Во нападите руските сили заробиле 5.000 турски војници а убиле над 10.000 луѓе. Битката завршила со руско заземање на градот.

По оваа битка следувало заземање и на градовите: Трабзон (15 април), Ерзинџан (25 јули).

Наводи

Категорија:Судири во 1916 година Категорија:Историја на Ерзурум Категорија:Битки во Кавкаскиот поход Категорија:Битки на Отоманското Царство во Првата светска војна Категорија:Битки на Руската Империја во Првата светска војна