мини|225п|Швентине, гранична река на Вагрија

ВагријаArnold, Benjamin (1991). Princes and territories in medieval Germany, Cambridge University Press, Cambridge and New York, p. 156. ISBN 0-521-52148-3. (, Waierland или Wagerland) — североисточниот дел на Холштајн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија, приближно поклопувајќи се со окрузите Плен и Источен Холштајн. Зборот „Вагрија“ е изведен од германската населба Варингер и малку подоцна од западнословенското племе Вагри, што значело „оние што живеат на заливите“. Изгледа дека Вагрите се истите со источногерманското племе Варингер (латински: Варини). Оваа област е историски поврзана со викиншките митови.

Географија

мини|Историска карта на Вагрија (околу 1682-88)

Во средниот век, и како што било покажано на старите карти, Вагрија на север и исток се граничела со Балтичкото Море од Килскиот Фјорд до Либечкиот Залив, а во внатрешноста од реките Швентине и Траве. Денес, Вагрија општо се однесува само на полуостровот Олденбург (Oldenburgische Halbinsel) во Источен Холштајн.

Највисока точка на полуостровот е Бунгсберг со 168 метри н.в., што претставува и највисока точка во целата покраина Шлезвиг-Холштајн.

Историја

Словенското потекло на името, Вагрија, не го означувало само т.н. денешниот полуостров Вагрија, туку целата област помеѓу Килскиот Фјорд, средниот и долниот тек на реката Траве; област со ова име се појавило најрано во век. Замокот Вагрија зафаќа средишна положба во Олденбург во Холштајн (тогаш наречен Старигард); неговите остатоци сè уште постојат. Важни населби во Вагрија биле Олденбург, Стар-Либек и Плен.

Во 1143 година, според силен доказ на современ хроничар, Хелмолд од Бозау, грофот Адолф II ги донел германските доселеници, не само од неговите територии во Холштајн и Штормарн, туку исто така и од Вестфалија и Холандија, со цел да ја развие областа Вагрија.

center|мини|upright=5.6|Поглед на највисоката точка на полуостровот, Бунгсберг, над пејзажот во источен Холштајн.

Наводи

Извор Witt, Hermann (1982). 1000 Jahre Wagrien von Luitschaburg bis Lütjenburg. Sönksen Verlag Plön.

Категорија:Региони во Шлезвиг-Холштајн Категорија:Историја на Шлезвиг-Холштајн Категорија:Плен (округ) Категорија:Источен Холштајн Категорија:Холштајн Категорија:Полуострови во Германија