R Златна Рипка (лат. R Doradus) или HD 29712 — променлив црвен џин од типот мирида во далечното јужно соѕвездието Златна Рипка, иако навидум изгледа како да е поблиска до соѕвездието Мрежичка. Оддалечена е 178 ± 10 сг (55 ± 3,1 пс) од Земјата. Има рамномерен дисков пречник од лсек, и се смета за ѕвезда со најголема привидна величина гледана од Земјата веднаш по нашето Сонце (кое, сепак, е неспоредливо поблиску до нас). Се проценува дека R Златна Рипка има пречник од 515 ± 70 милиони километри (3,46 ае) или пати поголем од оној на Сонцето. Доколку ја ставиме оваа ѕвезда во средината на нашиот Сончев Систем, во неа би се содржела орбитата на Марс и најголемиот дел од главниот астероиден појас.

Видливата величина на R Златна Рипка изнесува 4,8 до 6,6, што значи дека е одвај забележлива со голо око, но гледана преку инфрацрвена светлина претставува една од најсјајните ѕвезди на нашето небо, со вкупна сјајност 6500 ± 1400 пати поголема од онаа на Сонцето. Со величина од −2.6 во речиси инфрацрвениот појас J, единствена посјајна ѕвезда од неа е Бетелгез со −2,9.

Наводи

Надворешни врски

Златна Рипка (R Doradus) — Свинберн 3µ-спектар на R Златна Рипка гледан од ISO-SWS

Категорија:Црвени џинови Категорија:Златна Рипка (соѕвездие) Категорија:Мириди Категорија:Бајерови објекти Категорија:2MASS-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Ѕвезди со оддавни линии Категорија:Џинови од типот M