мини|десно|250п|Тони Ромингер, трикратен последователен победник на Вуелта
Генерален пласман на Вуелта а Еспања — првостепен и главен пласман за одредување на победникот на велосипедската трка Вуелта а Еспања. Вуелта а Еспања е годишна друмска велосипедска трка, која била основана во 1935 година од шпанскиот весник Informaciones, а денес претставува една од трите големи трки во велосипедизмот, заедно со Тур де Франс и Џиро д’Италија. Трката е поделена на дневни етапи. Поединечните завршни времиња за секоја етапа се собираат со цел да се одреди крајниот победник во генералниот пласман на крајот на трката. Возачот со најниско вкупно време на крајот на секој ден ја носи водечката маичка; од 2010 година се користи црвена маичка, а претходно била златна.
Тони Ромингер, Роберто Ерас и Алберто Контадор имаат најмногу победи на Вуелта, со по три победи секој. Трите последователни победи на Ромингер се исто така рекорд. Шпанските велосипедисти имаат освоени најмногу изданија на Вуелта; 23 велосипедисти имаат освоено 30 изданија на трката. Француските велосипедисти се втори со девет победи, а белгиските возачи се трети со седум победи. Моменталниот првак е Сајмон Јејтс од екипата , кој ја освоил Вуелта а Еспања 2018.
Историја
мини|upright|Алберто Контадор во златната маичка, која била заменета од црвената маичка во 2010 година, која го претставува предводникот во генералниот пласман.
Вуелта а Еспања била основана во 1935 година од весникот Informaciones по сличниот успех на Тур де Франс и Џиро д’Италија, кои исто така основани од весници. Првата трка била освоена од Густаф Делор, кој повторно победил следната година. Вуелта била суспендирана на четири години од 1937 до 1940 година поради Шпанската граѓанска војна. Првата трка по граѓанската војна во 1941 година била освоена од Хулијан Берендеро, кој исто така победил следната година. Вуелта била суспендирана помеѓу 1943 и 1944 година поради Втората светска војна. Делио Родригес ја освоил првата Вуелта по војната, шпанските возали освоиле уште две изданија на трката во 1946 и 1948 година. Вуелта не се одржала во 1949 година. Емилио Родригес бил првиот победник во 1950 година, пред Вуелта да биде прекината од 1951 до 1954 година, бидејќи шпанската изолација во текот на режимот на Франко довела до незначителен меѓународен интерес за трката.
Жан Дото ја освоил првата Вуелта по четиригодишниот прекин во 1955 година. Анџело Контерно бил победникот наредната година со разлика од 13 секунди пред Хесус Лороњо. Лороњо бил победоносен во 1957 година со отсуство на Контерно. Руди Алтиг станал првиот Германец да победи на Вуелта во 1962 година. Французинот Жак Анкетил победил во 1963 година, со што станал првиот велосипедист кој победил на сите три големи трки. Белгискиот велосипедист Еди Меркс го постигнал достигнувањето на Анкетил победувајќи на сите три големи трки, кога победил на Вуелта во 1973 година. Следната година Хосе Мануел Фуенте победил на Вуелта со 11 секунди.
Бернар Ино победил на Вуелта во 1978 година; истата година го освоил и Тур де Франс. Вторпат победил во 1983 година. Следната година Ерик Кариту победил на Вуелта со најмалата разлика некогаш, победил со само шест секунди пред Алберто Фернандес. Педро Делгадо победил на Вуелта во 1985 година. Колумбиецот Луис Ерера станал првиот неевропски победник на Вуелта во 1987 година. Шон Кели бил победоносен во 1988 година, а следната година Делгаго по вторпат ја освоил Вуелта.
Швајцарските возачи преовладувале во 1990-тите; Тони Ромингер освоил рекордни три изданија на Вуелта по ред од 1992 до 1994 година. Лорен Жалабер бил победоносен во 1995 година, исто така ги освоил бодовниот и планинскиот пласман, станувајќи само трет велосипедист кој ги освоил сите три пласмани на некој Гранд Тур. Алекс Циле освоил две изданија на Вуелта во 1996 и 1997 година. Германецот Јан Улрих бил победник во 1999 година. Роберто Ерас ја освоил својата прва Вуелта во 2000 година; освоил уште две изданија во 2003 и 2004 година. Во 2005 година победил по четврти рекорден пат на Вуелта, меѓутоа подоцна му била одземена титулата по позитивниот тест на допинг. Второпласираниот Денис Мењшов станал победник на негово место.
Александар Винокуров победил во 2006 година со екипата . Мењшов победил вторпат во 2007 година. Алберто Контадор победил во 2008 година; победата значела дека тој е петтиот велосипедист кој ги освоил сите три големи трки. Алехандро Валверде бил победник во 2009 година. Следната година Валверде не можел да ја брани титулата откако бил суспендиран две години за неговата вмешаност во допинг-скандалот Операција Пуерто. Винченцо Нибали победил во 2010 година. Хуан Хосе Кобо победил на Вуелта во 2011 година со разлика од тринаесет секунди.
Контадор ја освоил трката по вторпат во 2012 година. Американецот Крис Хорнер, станал најстар победник на некој Гранд Тур со возраст од 41 година, кога победил на Вуелта во 2013 година. Алберто Контадор со својата победа, негова трета, во 2014 година го израмнил рекордот по бројот на победи на Ерас и Ромингер. Фабио Ару во 2015 година, ја освоил црвената маичка од Том Димулен на претпоследната етапа благодарение на извонредната стратегија од екипата. Тактиката одиграла клучна улога во победата на Наиро Кинтана во 2016 година, кога се здружил со Контадор на петнаесеттата етапа и ја растуриле трката. Во 2017 година, по шест обиди, вклучувајќи три втори места, Фрум конечно ја освоил трката, заокружувајќи го подвигот Тур-Вуелта.
Победници
+Легенда†Победникот го освоил бодовниот пласман истата година.*Победникот го освоил планинскиот пласман истата година.#Победникот го освоил комбинираниот пласман истата година.‡Победникот ги освоил бодовниот и планинскиот пласман истата година.&Победникот ги освоил бодовниот и комбинираниот пласман истата година.
Колоната „година“ се однесува на годината во која трката се одржала, а соодветните внатрешни врски водат со статиите за тоа издание на трката. Колоната „растојание“ се однесува на поминатото растојание таа година. Колоната „разлика“ се однесува на разликата на време или бодови со која победникот го поразил второпласираниот. Колоната „етапни победи“ се однесува на бројот на победи кој победникот ги остварил во трката.
+Победници на генералниот пласман на Вуелта а ЕспањаГодинаДржаваВелосипедистСпонзор/ЕкипаРастојаниеВремеРазликаЕтапни победи1935—3.245 км120ч 00' 07"31936—4.364 км150ч 07' 54"31937—~немало трка—————1938—~немало трка—————1939—~немало трка—————1940—~немало трка—————1941—4.406 км168ч 45' 26"21942*—3.688 км134ч 05' 09"21943—~немало трка—————1944—~немало трка—————1945—3.803 км135ч 43' 55"61946—3.836 км137ч 10' 38"61947—3.893 км132ч 27' 00"21948Удсанс-Портаминас Алас Колор3.390 км155ч 06' 30"31949—~немало трка—————1950*—3.932 км134ч 49' 19"51951—~немало трка—————1952—~немало трка—————1953—~немало трка—————1954—~немало трка—————1955Франција2.740 км01956Италија3.531 км105ч 37' 52"11957Шпанија2.967 км11958Франција3.241,8 км11959Ликор 433.048 км21960Груне Леув3.567 км41961Фаема2.856,5 км11962†Сен Рафаел-Хелиет2.813 км31963Сен Рафаел2.442 км11964Мерсие-БП2.860 км11965Мерсие-БП3.410 км01966Кас2.949,5 км11967†Пелфорт-Соваж2.941 км11968Салварани3.014 км11969Пежо2.921,4 км21970Бик3.568 км21971Пежо-БП2.892 км01972#Кас3.086,6 км11973&Молтени3.080,9 км61974Кас2.991 км21975Супер-Сер3.104,4 км51976Кас3.341 км01977Фландира-Латина2.785,5 км1978Рено-Житан2.990 км51979Мико-Мерсие3.165,5 км21980Зор-Вереко3.226 км21981Инокспран3.531,3 км11982Тека3.423 км11983Рено-Елф-Житан3.399 км21984Скил-Рејдел3.361,6 км11985МГ-Орбеа3.467,6 км11986Зор-БХ3.675 км11987*Кафе де Колумбија3.921,4 км11988†Кас3.428,4 км21989Рејнолдс3.656,6 км21990Сер3.711 км01991ONCE3.213,2 км31992КЛАС-Кахастур3.558,1 км11993‡КЛАС-Кахастур3.585,5 км31994Мапеи-Клас3.531,1 км61995‡ONCE3.637,6 км51996ONCE3.947 км11997ONCE3.759,2 км11998Банесто3.781 км11999Тим Дојче Телеком3.548,7 км22000†Келме-Коста Бланка2.894 км22001Фестина3.012,2 км02002Келме-Коста Бланка3.128,7 км32003У.С. Постал Сервис2.958,3 км12004#Либерти Сегурос2.894 км12005#Рабобанк3.356 км22006#Астана3.202,1 км32007#3.291,3 км12008#3.142,5 км22009#3.293,6 км02010#3.333,8 км02011#3.300 км120123.360,2 км12013#3.358,9 км12014#3.181,5 км220153.358,1 км02016#3.315,4 км12017&3.324,1 км22018&3.271,4 км1
Повеќекратни победници
+Повеќекратни победници на Вуелта а ЕспањаВелосипедистВкупноГодини 3 1992, 1993, 1994 3 2000, 2003, 2004 3 2008, 2012, 2014 2 1935, 1936 2 1941, 1942 2 1972, 1974 2 1978, 1983 2 1985, 1989 2 1996, 1997 2 2005, 2007
По националност
+Победник на Вуелта а Еспања по националностНационалностБрој на велосипедистиБрој на победи2432896766332522222211111111
Белешки
A. Роберто Ерас бил победник на церемонијата во Мадрид на последниот ден на Вуелта а Еспања 2005, но подоцна се покажал позитивен на тестирањето за средства за подобрување на резултатите во текот на етапата 20 на трката. Шпанската велосипедска федерација го пронашла виновен за користење еритропоетин во текот на трката и му ја одзела титулата, доделувајќи ја подоцна на Денис Мењшов.
Наводи Општи
Библиографија
Поединечни
Категорија:Вуелта а Еспања