right|thumb|Бајката прикажана на поштенска марка на Советскиот Сојуз „Рибарот и рипката и други сказни“ — збирка сказни од Александар Сергеевич Пушкин.
Изданија
Издание на Просветно дело, редакција „Детска радост“ од 1998 година: Книгата е отпечатена во мек повез, со димензии од 20 сантиметри и има 107 страници. Каталогизацијата е извршена од Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ од Скопје, а книгата ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-269-3. Изборот и препевот на сказните ги направил Георги Сталев, илустрациите во книгата ги направила Даниела Андонова, дизајнот и графичкото уредување е дело на Димче Исаиловски, а коректурата ја извршила Оливера Ќорвезироска. Книгата е испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“.А. С. Пушкин, Рибарот и рипката и други сказни, Детска радост, Скопје, 1998. Издание на Просветно дело, редакција „Детска радост“ од 2004 година: Книгата е објавена во библиотеката „лектирни изднаија“. Таа е отпечатена во мек повез, со димензии од 20 сантиметри и има 107 страници. Каталогизацијата е извршена во Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а книгата ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-496-3. Илустрациите во книгата ги направила Даниела Андонова, дизајнот и графичкото уредување е дело на Жарко Туниќ, а коректурата ја извршила Оливера Ќорвезироска. Книгата е испечатена во печатницата „Коста Абраш“ во Охрид.А. С. Пушкин, Рибарот и рипката и други сказни, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004.
Содржина Збирката ги содржи следниве песни:А. С. Пушкин, Рибарот и рипката и други сказни, Детска радост, Скопје, 1998. Сказна за рибарот и рипката Сказна за царот Салтан, за неговиот син славниот и силен јунак кнезот Гвидон Салтанович и за прекрасната царска ќерка Лебедица Сказна за златното петле Сказна за попот и за неговиот момок Балда Сказна за мртвата царска ќерка и за седумте јунаци.
Наводи
Категорија:Детска книжевност Категорија:Александар Пушкин Категорија:Дела на Александар Пушкин Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Книги од 1998 година Категорија:Книги од 2004 година