„Поезија“ е збирка песни од американскиот поет Едгар Алан По, објавена од издавачката куќа „Македонска книга“ во 1969 година. Изборот на песните и препевот на македонски јазик го извршил Гане Тодоровски.

Технички податоци Книгата е објавена во едицијата „Поетска плејада“, со тврд повез и со обем од 73 страници. Нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Вера Арсовска. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 1 500 примероци. Книгата не е каталогизирана, ниту пак ја поседува меѓународната ознака ISBN.Едгар Алан По, Поезија, Македонска книга, Скопје, 1969.

Содржина Покај песните на По, книгата содржи и поговор со наслов „Поезијата на Едгар Алан По“, напишан од Гане Тодоровски, хронологија на животот на По, како и библиографија и литература посветена на По. Збирката ги содржи следниве песни на По:Едгар Алан По, Поезија, Македонска книга, Скопје, 1969. Песна (Song, 1827) Во сонот сон (A Dream within a Dream, 1827) Сон (A Dream, 1827) Најсреќниот ден - најсреќниот час (The Happiest Day, the Happiest Hour, 1827) Езеро: На (The Lake: To -, 1827) На (To, 1829) На реката (To the River, 1829) На (To, 1829) Кон Елена (To Helen, 1831) Израфел (Israfel, 1831) Градот во морето (The City in the Sea, 1831) Ленора (Lenora, 1831) Колосеум (The Coliseum, 1833) На онаа во рајот (To One in Paradise, 1834) Химна (Hymn, 1835) Палата на сеништата (The Haunted Palace, 1835) Земјата на соништата (Dreamland, 1844) Гарванот (The Raven, 1845) Јулејли(Eulalie - A Song, 1847) Јулалуам (Ulalume - A Ballad, 1847) Елдорадо (Eldorado, 1849) На мајка ми (To My Mother, 1849) Анабел Ли (Annabel Lee, 1849) Ѕвона (The Bells, 1849)

Наводи

Категорија:Американски стихозбирки Категорија: Американска поезија Категорија: Дела на Едгар Алан По Категорија: Изданија на Македонска книга