мини|десно|Општините во Марковскиот округ

Марковски округ () — округ во средишниот дел на покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија. Се граничи со окрузите Уна, Зост, Горен Зауерланд, Олпе, Обербершкиот округ, Енепе-Рур и градот Хаген. Наречен е по некогашната грофовија Марк која се наоѓала на ова подрачје.

Историја

Округот е создаден во 1975 г. како дел од реформите во окрузите на покраината. Направен е со спојување на поранешните окрузи Лиденшајд и Изерлн, градскиот округ на Изерлон и подрачјето околу Балве (дотогаш во состав на округот Арнсберг).

Географија

Во географски поглед, Марковскиот округ го опфаќа северозападниот дел на ридската област Зауерланд, јужно од долината на Рур. Највисоко место е Нордхеле, на надморска височина од 683 м. Поважни реки во округот се Лене и Хене. Иако е претежно шумовит и слабо населен, округот сепак бележи долга индустриска историја поради изобилството на огревно дрво за топилниците за челик, кое се користело сè до воведувањето на јаглен од Рур.

Градови и општини Градови (население)Општини (население)Алтена (20.997) Балве (12.200) Изерлон (102.456) Кирспе (18.313) Халвер (17.550) Хемер (37.790)<li> Вердол (20.333) <li> Лиденшајд (79.131) <li> Мајнерцхаген (21.823) <li> Менден (58.184) <li> Нојенраде (12.402) <li> Плетенберг (28.149)Нахрот-Виблингверде (6.856) Хершајд (7.617) Шалксмиле (12.257)

Поврзано Марк (грофовија)

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Туристички портал на Марковскиот округ

Категорија:Окрузи во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Марковски округ