Црквата Пресвета Богородица кај светилникот - поранешна византиска капела изградена во јужниот дел од Големата палата во Цариград , именувана според светилникот кој се наоѓал до храмотKlein (2006), pp. 79–80. Во оваа црква се наоѓале едни од најзначајните мошти од христијанските светци.
Историја
Црквата најверојатно била изградена во 8 век. Во оваа црква бил венчан идниот император Лав IVMaguire (2004), p. 55 . Храмот се наоѓал до церемонијалната палата ХрисотриклиносKlein (2006), p. 80.
Во 940 година во црквата се чувале реликви од Светото копје и Вистинскиот крст, Мандалион, десната рака на Јован Крстител, сандали на Исус Христос, писмото кое ерменскиот крал Авгар V му го испратил на Исус, крпата со ликот на Исус, облеката на Исус, трнскиот венец итн.Klein (2006), pp. 91–92Maguire (2004), p. 56.
По заземањето на градот од Латините, голем дел од овие реликви биле пременстени во Западна Европа. За таа цел, францускиот крал Луј IX ја изградил т.н. Света капела во Париз, каде сместил голем дел од реликвите, купувајќи ги од латинскиот крал.
Се смета дека храмот бил разрушен во времето на Латинското Царство.
Наводи
Категорија:Цркви и манастири во Цариград Категорија:Византиски цркви во Истанбул Категорија:Цркви од 8 век Категорија:Православни храмови Категорија:Голем дворец (Цариград)