Миленау (; исто така: Релау и Релингбек) — поток, а подоцна мала река, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.

Миленау извира во источниот дел на природниот парк Холмор (кај градот Квикборн) од повеќе потоци. Потоа продолжува во шумската област помеѓу Нордерштет и Хасло, по што како лева притока во неа се влева поголемата Морбек. Понатаму, ги поминува Бенингштет и Елербек, како и Релинген, од каде е позната и како Релау (Rellau).

Јужно од Релинген навлегува во Пинеберг. Тука во неа се влева Дипенау. На крајот, Миленау во западниот дел на градот Пинеберг се влева во реката Пинау.

Поврзано Список на реки во Шлезвиг-Холштајн

Категорија:Реки во Шлезвиг-Холштајн