Сулејман Рушити (роден на година во Чајле, Гостиварско) — македонски режисер и политичар.

Животопис

Рушити дипломирал режија на Факултетот за драмски уметности во Тирана во 1997 година.Биографија на www.sobranie.mk Од 1998-2001 бил ангажиран како режисер во Македонска радио-телевизија, а во 2001 и 2002 година бил директор на Театарот на народностите во Скопје.

Рушити бил основач и директор на театарот Алтернативе, Скопје во периодот од 1998-2002 година. Во 2002 година бил еден од основачите на културниот магазин Алтернатива, а во текот на 2002-2003 година бил член на одборот на „Про хелветиа“. Посетувал повеќе обуки од областа на управување на установите од културата во странски образовни установи. Рушити зборува англиски, германски, српски и италијански јазик.

Политичка кариера

Сулејман Рушити во периодот од 28 август 2006 до 27 јули 2008 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука како член на ДПА. По основањето на партијата Нова демократија, Рушити станал нејзин член, за да во 2011 година го најави своето повлекување од политикатаwww.zurnal.mk.

Наводи

Категорија:Луѓе од Чајле Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006 Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Политичари од ДПА Категорија:Политичари од Нова демократија (Македонија) Категорија:Македонски режисери