Џуди Денч (англиски: Judi Dench) (9 декември 1934, Хјуворт, Обединето Кралство) е британска глумица, најмногу позната по своите улоги во серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд. мини|Џуди Денч на БАФТА, 2007 г. Животопис Во поодминатата возраст, Џуди Денч живеела сама, заедно со своите миленици (куче, две мачки и златна рипка) во стара селска куќа во Кент.Наташа Спирова, „Џоан Колинс пишува книги, Меги Смит жнее награди“, Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 10-11. Притоа, таа страдала од макуларна дегенерација на очите, поради што повремено останувала без вид. Така, во февруари 2015 година, Денч изјавила: „Состојбата ми се влошува. Постојано паѓам, како да сум пијана... Повеќе не можам ни да патувам сама“.„Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 24.

Кариера Џуди Денч е најпозната по настапите во филмовите за Џејмс Бонд. Во 2012 година, таа за последен пат (седми по ред) го одиграла ликот на М во 23. филм за Џејмс Бонд „Скајфол“. Во 2013 година, таа играла во филмот „Филомена“ за кој ја добила седмата номинација за наградата „Оскар“. Потоа, таа играла во продолжението на комедијата „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“, како и во британската историска серија „Празната круна“.

Наводи

Категорија:Британски глумици Категорија:Носители на Орденот на Почесните придружници Категорија:Добитници на наградата „Тони“ Категорија:Дами-заповеднички на Редот на Британската Империја Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1934 година Категорија:Добитници на наградата „Лоренс Оливие“ Категорија:Добитници на Златен глобус