мини|Херберт Кремер во 2008 година Херберт Кремер ( - 8 март 2024) германски професор по електротехника и сметачко инженерство во Калифорнискиот универзитет, а го добил неговиот докторат по теоретска физика во 1952 од Гетингенскиот универзите, Германија, со есејот за топлотните електронски ефекти во тогаш новиот транзистор, поставувајќи ја основата на кариера за истражување на физичките својства на полупроводнички уреди. Во 2000, Кремер, заедно со Жорес Алферов, бил награден со Нобеловата награда за физика „за развојот на полупроводнички хетероструктури кои се користат во големобрзинската електроника и оптоелектрониката“. Другиот кодобитник на Нобеловата награда бил Џек Килби за неговиот пронајдок и развој на интегралното коло и микрочиповите“.
Животопис Тој работел во бројни истражни лаборатории во Германија и во САД и предавал електротехника во Колорадскиот универзитет од 1968 до 1976. Се придружил на факултетот UCSB во 1976, фокусирајки се на неговиот полупроводничи истражен програм за зголемување на технологијата на полупроводнички материи наместо на силициумската технологија.
Кремер бил избран како член на Националната академија на инженерство во 1997 и Американската академија на науките во 2003. Тој отсекогаш работел на проблеми кои се понапредни од мејнстрим технологијата. Во 1950-те, тој го пронашол базниот транзистор и бил првиот кој посочил дека може да се стекне предност во бројни полупроводнички уреди преку инкорпорирање на хетероструктури. Најважно, во 1963 тој го предложил концептот на двојниот хетероструктурен ласер, кој сега е централен концепт во полето на полупроводничките ласери. Кремер станал ран пионер во молекуларната снопова епитаксија, концентрирајќи се на применување на технологијата врз нови неиспробани материјали.
Заедно со Чарлс Кител е соавтор на полуларното дело "Thermal Physics" (), првпат објавено во 1980 и сѐ уште употребувано и денес. Тој исто така е автор на делото "Quantum Mechanics for Engineering, Materials Science and Applied Physics" ().H. Kroemer, Quantum Mechanics, Prentice Hall (1994)
Поврзано Список на нобеловци поврзани со Калифорнискиот универзитет, Санта Барбара
Наводи
Надворешни врски
Not Just Blue Sky Nobelprize.org page Personal Homepage USCB Freeview video Interview with Herbert Kroemer by the Vega Science Trust U.S. Patent 5067828 Transferred electron effective mass modulator (Herbert Kroemer) U.S. Patent 5013683 Method for growing tilted superlattices (Herbert Kroemer) Herb’s Bipolar Transistors IEEE TRANSACTIONS ON ELECTRON DEVICES, VOL. 48, NO. 11, NOVEMBER 2001 PDF Influence of Mobility and Lifetime Variations on Drift-Field Effects in Silicon-Junction Devices PDF Heterostructure Bipolar Transistors and Integrated Circuits PDF
Категорија:Родени во 1928 година Категорија:Починати во 2024 година Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Германски нобеловци Категорија:Американски нобеловци Категорија:Германски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Германски атеисти Категорија:Апсолвенти на Јенскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Гетингенскиот универзитет Категорија:Носители на Големиот крст со ѕвезда и лента на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Членови на Американската академија на инженерството