Симона Попоска (р. , Охрид) — македонска пејачка.
Животопис
Основно училиште посетувала во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, средно училиште завршила во СОУ „Нико Нестор“ во Струга, а исто така го посетувала Нижото музичко училиште Методи Патчев во Охрид, каде го изучувала инструментот виолина. Студирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ отсек општа медицина.
Со музика започнала да се занимава од шестгодишна возраст. Нејзино прво појавување на сцена било во 1999 година на фестивалот Распеано рибарче, каде настапила и наредните две години, а следното музичко искуство било на Златно Славејче 2002 година. Нејзиното прво поголемо искуство се случило 2004 година на првиот домашен избор за песна за детска евровизија каде се пласирала на второто место. Во 2006 година настапила на истиот избор и се пласирала на трето место. Следни искуства се на “Канео Фест” каде добила награда за најслушана песна на годината, “Охрид Фест”, “Мелфест” во Прилеп каде го освоила второто место. Следел настап на Фешта-1 фестивалот во 2009 каде освоила трето место со синглот “Не летај на Небо”. Во 2010 година следел краток договор со Продукција Република. Во 2012 година потпишала договор со Горила Продукција. Симона издала сингл за темата “До Крај” за која снимила и видео запис со кој се пробила на врвот на сите топ листи низ Македонија. Потоа следувал нејзиниот следен видео запис за песната “Летај Високо” која е во дует заедно со Филип Кирјаку. Симона го раскинала договорот со Горила Продукција и 2013 година започнала соработка со диџеј Ерик Фокс, како The Sound Messengers (проект кој претставувал комерцијален хаус, и песни на аглиски јазик). Нивната соработка успешно продолжила и заедно издале пет нумери на англиски јазик. Во 2014 година, Симона настапила на Макфест, и добила награда за најдобар дебитант со нумерата “Како да заборавам” кое е авторско дело на Ерик Фокс, текст Магдалена Цветкоска и аранжман Зоран Алексиќ. Симона во октомври 2014 го издала спотот за нумерата “Не е најдобро”, дело на Зоран Алексиќ, во изработка на Томато продукција.
Симона во почетокот на 2019 ја прекинала соработката со Ерик Фокс и го напуштила дуото The Sound Messengers.
Спотови Спот Година Режисер До крај 2012 Владимир Ивановски Дади, Нена Зафировска Летај високо 2012 Владимир Ивановски Дади, Нена ЗафировскаНе е најдобро 2015 Томато продукција Јас не те сакам 2015 Томато продукција Сакам се 2015 Sky Eye Entertainment Знам дека лажеш 2016 Фабрика продукцијаТи си моја победа 2018 Андреј ЃоргиевскиСама 2019 Андреј ЃоргиевскиБакни ме за крај 2023 Крсте ШупевБез тебе 2024 Крсте ШупевЛовец и плен 2025 Крсте ШупевБели ноќи 2025 Крсте ШупевНебитен 2026 Крсте Шупев
Награди Награда за наjслушана песна на “Канео Фест“ Втора награда на „Мелфест“
Втора награда на националниот Избор за песна за детска Евровизија 2004. Трета награда на националниот Избор за песна за детска Евровизија 2006.
Трета награда на фестивалот „ Фешта-1“ 2014 година, награда за најдобар дебитант на Макфест со нумерата Кажи ми како да заборавам
Наводи
Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски поп-пејачи