Ѓавоља Варош (, „Ѓаволски Град“) — карпеста образба во јужна Србија на планината Радан кај Куршумлија. Има 202 необични земјени пирамиди или кули, како што ги нарекуваат мештаните. Високи се од 2 до 15 м и широки од 4 до 6 м при основата. Создадени се со силна ерозија на почвата поради голема вулканска активност пред повеќе милиони години.Ѓавоља Варош — Туристичка организација на Србија Највеќето кули имаат „глави“ или „капи“ од андезит, кои ги штитат од понатамошни одрони.Споменик на природата Ѓаволја Варош (Ѓаволски Град) — Светско наследство на УНЕСКО мини|Црвено Врело Почнувајќи од 1959 г. местото е заштитено со закон, а во 1995 г. дрржавата го прогласила за споменик на природата од прва категорија.За Ѓавоља Варош
Под камените образби има два извора: Ѓавоља Вода (Ѓаволска Вода), со крајно кисела вода (pH 1,5) и голема концентрација на минерали (15 г/л) и Црвено Врело.
Ѓавоља Варош бил кандидат во кампањата „Седум светски чуда на природата“.
Најслични образби во Македонија се Камените Кули кај с. Куклица, Кратовско. мини|Статуи во паркот Поврзано Камени Кукли Брајсов Кањон Земјена пирамида
Наводи
Поврзано
Портал на Ѓавоља Варош Виртуелна прошетка низ Ѓавоља Варош
Категорија:Споменици на природата Категорија:Заштитени подрачја во Србија Категорија:Знаменитости во Србија Категорија:Ерозивни земјишни облици Категорија:МСЗП-Категорија III