Ишим (; ) — река во Казахстан и Русија, лева и најдолга притока на Иртиш. Долга е 2.450 км и има просечен истек од 56,3 м3/с. Реката е само делумно пловна по долното течение, а во горното минува низ главниот град Нур-Султан. Во Русија, течението минува низ огромни мочуришни и има безброј остри свијоци и мртвици. Од крајот на ноември до март реката е замрзната.

Во Нур-Султан Според претседателот Нурсултан Назарбаев, реката Ишим е една од причините за изборот на Нур-Султан (тогаш наречен Астана) за главен град на земјата. Денешниот град е поделен на два дела: на десниот брег е стариот дел на градот со чаршијата, а на левиот се современите управни зданија како претседателскиот дворец „Акорда“, владиниот дом, врховниот суд и престижни населби.

Почнувајќи од 1998 г. властите на Нур-Султан активно ја регулираат реката, со цел да се спречат поплави и да се одржи водостојот од рекреативни и есетски причини. Низводно од центарот на градот е изградена брана која го држи водостојот повисоко, а коритото е продлабочено за да се избегне прелевање. Кај градскиот парк во центарот на Нур-Султан има изградено градска плажа и место за изнајмување педалинки. Се смета дека без браната, водостојот би бил доволно низок за реката да се премине пешки.Реки, канали, мостови, шеталишта — Портал на градот Нур-Султан Проект „Пловен Ишим“

Спротиводно од градот се предвидува изградба на уште една брана, со цел да се спречат поплави. Градските власти планираат да ја продлабочат реката уште повеќе за да биде пловна за чамци во должина од 22 км на подрачјето на Нур-Султан.

Водостојот се постигнува со довод на вода од Иртиш преку каналот Иртиш-Караганда и посебен цевковод.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Ишим  — Речник на современи географски поими

Категорија:Реки во Казахстан Категорија:Реки во Русија Категорија:Северноказахстанска Област Категорија:Акмолинска Област Категорија:Карагандинска Област Категорија:Реки во Тјумењската област Категорија:Реки во Омската област Категорија:Иртишки слив Категорија:Меѓународни реки во Азија