Делијазмино (од 1934 г. офиц. Зелендол) — село во Горноџумајско, денес во Општина Горна Џумаја на Благоевградската област, Бугарија.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во историско-географската област Пиринска Македонија, на меѓународниот пат кон Македонија. Оддалечен е само 4 километри од Горна Џумаја, 26 километри од македонско-бугарскиот граничен премин Станке Лисичково и 97 километри од главниот град Софија. Низ селото поминува мала река, а на околу 1,5 километар во правец кон Горна Џумаја тече реката Струма. Сместено е на надморска височина од 480 метри.
Историја Во 1891 година Георги Стрезов пишува за селото: Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци.
Во ноември 1944 година во Делијазмино е создаден првиот концентрационен логор на комунистичкиот режим во Бугарија, во кои биле приведени 203 цивилни граѓани на Германија и нејзините сојузници.
Стопанство Атарот на селото зафаќа површина од 7км². Претежно преовладува обработливата површина, а на остатокот од атарот има пасишта и изграден дел, поради непосредната близина на градот Горна Џумаја.
Демографија Според пописот од 2011 година, во селото живееле 220 жители, од кои 218 биле запишани како Бугари.
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години за периодот 1934 - 2011: година193419461956196519751985199220012011жители324340361299278254236223220
Општествени установи
Самоуправа и политика Поштенски број на селото е 2745.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани На 8 септември во црквата „Пресвета Богородица“ во селото секоја година се одржува традиционален собир.
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Општина Горна Џумаја Категорија:Села во Пиринска Македонија