Македонско-француските односи се надворешни односи меѓу Република Македонија и Република Франција. Овие односи се одликуваат со високо ниво на соработка меѓу двете земји. Односите со Француската Република ги карактеризира отворен и конструктивен дијалог, со континуирано продлабочување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес.. Македонија и Франција воспоставиле дипломатски односи на 27 декември 1993 Меѓу двете земји се одвива динамична соработка во многу други области – во областа на културата, каде соработка датира од отворањето на Францускиот културен центар во Скопје во 1974, а се одвива врз основа на Договорот за соработка во доменот на културата, образованието, науката и техниката (1998) и Договорот за соработка меѓу Министерствата за култура (2010); во областа на образованието и науката преку бројни стипендии; во внатрешните работи се бележи динамична соработка, особено по стапувањето на сила на Договорот за соработка од областа на внатрешната безбедност (2006); соработката во одбраната е континуирана, а се заснова на Спогодба за соработка во областа на одбраната, Протокол во врска со стандардизација на материјалите од областа на одбраната и МзР со Европската компанија за воздухопловна одбрана и простор - ЕАДС. Во областа на социјалната политика повеќе години соработката се остварува преку размена на искуства, експертски мисии и студиски посети. Во областа на здравството, досега успешно се реализираше проектот за системот за трансфузиологија во Македонија, а се иницирани активности за соработка со повеќе универзитетски болници. Исто така, со Регионот Долна Нормандија се одвива динамична соработка, која согласно програмата за работа за периодот 2013-2016 е насочена на следните оски: нови информатички технологии, млади, попис на културно наследство, културни политики, развој на земјоделството, туризам и човекови права. Поважни настани
27.12.1993 г. - Воспоставени дипломатски односи меѓу Република Македонија и Француската Република 9.5.1996 г. - Посета на претседателот Киро Глигоров на Франција 29.1.1998 г. - Посета на претседателот на Владата, Бранко Црвенковски на Франција 9.2.1999 г. - Посета на претседателот Киро Глигоров на Франција 28.2.1999 г. - Посета на претседателот на Франција, Жак Ширак на Македонија, средба со претседателот Глигоров и претседателот на Владата, Љубчо Георгиевски 28.2 - 3.3.2001 - Работна посета на претседателот Борис Трајковски на Франција, остварени средби со претседателот Ширак, премиерот Жоспен, како и со француските министри за надворешни работи и за одбрана 24 - 28.5.2001 - Во посета на Македонија престојуваше претседателот на групата за француско-македонско пријателство во Националното Собрание на Франција, Филип Дурон, беше примен од страна на претседателот на Собранието, Стојан Андов 26 - 27.6.2001 - Во посета на Македонија престојуваше сенаторот Робер Бадентер, во својство на експерт од областа на уставното право, со цел експертска помош во политичкиот дијалог под покровителство на претседателот Борис Трајковски 10.3.2001 г. - Посета на францускиот министер за надворешни работи, Ибер Ведрин на Македонија, средба со министерот за надворешни работи, Срѓан Керим, примен и од претседателот Трајковски и претседателот на Владата, Љубчо Георгиевски 1.8.2002 г. - Посета на министерот за надворешни работи Слободан Чашуле на Франција 20.12.2002 г. - Посета на министерот за надворешни работи Илинка Митрева на Франција 8.6.2003г. - Посета на премиерот на Франција Жан Пјер Рафарин на Р Македонија 1 - 20.1.2004 г. - Посета на премиерот на Р Македонија Бранко Црвенковски на Франција 15.10.2004 г. - Посета на министерот за надворешни работи на Франција Мишел Барние на Македонија 4 - 5.2.2008 г. - Посета на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на Франција 5 мај 2009г. - Претседателот на Владата, Никола Груевски оствари посета на Франција и се сретна со францускиот претседател Никола Саркози јули 2013 г. - Средба на претседателот Ѓорге Иванов со францускиот претседател Франсоа Оланд на регионалниот Самит на земјите од Западен Балкан во Брдо кај Крањ, Словенија 1 - 25.11.2013 г. - Работна посета на министерот за надворешни работи, Никола Попоски на Франција и средба со неговиот домаќин Лоран Фабиу
Поврзано Македонско-руски односи Македонско-американски односи Македонско-германски односи Наводи
Категорија:Билатерални односи на Македонија Категорија:Билатерални односи на Франција