ФК Лех Познањ е полски професионален фудбалски клуб со седиште во градот Познањ. Во моментов се натпреваруваат во Екстракласа, највисоката лига по ранг во државата. Клубот е именуван по Лех, легендарниот основач на полскиот народ.

Клубот е основан во 1922 година како Лутнија Дембец, а подоцна го променил своето име неколкупати. Од 1933 до 1994 година, клубот е тесно поврзано со Полската државна железница (ПКП). Како резултат на тоа, клубот го има својот популарен прекар Колејош, што значи железничар во локалниот изговор. Своето деби во највисоката полска лига клубот го имал во 1948 година. Најуспешниот период во историјата на Лех бил во почетокот на 1980-тите и раните 1990-ти. Лех го освоил полското првенство вкупно шест пати, последен пат во 2010 година, и е најпопуларниот фудбалски клуб во регионот Големополска.

Титули Домашни Полско првенство: (10) 1983, 1984, 1990, 1992, 1993, 2010, 2015, 2022, 2025, 2026

Вицешампиони (2) : 2013, 2014

Куп на Полска: (5) 1982, 1984, 1988, 2004, 2009 Вицешампиони (5) : 1980, 2011, 2015, 2016, 2017 Суперкуп на Полска: (6) 1990, 1992, 2004, 2009, 2015, 2016 Вицешампиони (3) : 1983, 1988, 2010

Играчи Моментален состав

Лех во европските натпреварувања

Сезона Натпреварување Коло Држава Екипа Домаќин Гостин Вкупно1978/79Куп на УЕФА1 колоДисбург2-5 0-52-101982/83Куп на победниците на куповите1 колоВестеменејар3-01-04-0осмина финалаАбердин0-10-20-31983/84Куп на шампиони1 колоАтлетик Билбао2-00-42-41984/85Куп на шампиони1 колоЛиверпул0-10-40-51985/86Куп на УЕФА1 колоБорусија Менхедглајбах0-21-11-31988/89Куп на победниците на куповите1 колоФламуртари1-03-24-22 колоБарселона1-11-12-2 (4-5 пен.)1990/91Куп на шампиони1 колоПанатинаикос3-02-15-12 колоОлимпик Марсеј3-21-64-81992/93Лига на шампиони1 колоСконто Рига2-00-02-02 колоГетеборг0-30-10-41993/94Лига на шампиони1 колоБеитар Јерусалим3-04-27-22 колоСпартак Москва1-51-22-71999/00Куп на УЕФАкв.Металург Лијепаја3-12-35-41 колоГетеборг1-20-01-22004/05Куп на УЕФА2 колоТерек Грозни0-10-10-22008/09Куп на УЕФА коло кв.Хазар Ленкоран4-11-05-12 коло кв.Грасхопер6-00-06-01 колоАвстрија Виена4-21-25-4групаНанси2-2групаЦСКА Москва1-2групаДепортиво ла Коруња1-1групаФејнорд Ротердам1-0шеснаестина финалаУдинезе2-21-23-42009/10Лига Европа3 коло кв.Фредрикстад1-26-17-3плеј-офКлуб Брухе1-00-11-1 (3-4 пен.)2010/11Лига шампиона2 коло кв.Интер Баку0-11-01-1 (9-8 пен.)3 коло кв.Спарта Праг0-10-10-22010/11Лига Европаплеј-офДњипро Дњипропетровск0-01-01-0групаЈувентус1-13-3групаРед Бул Салцбург2-01-0групаМанчестер Сити3-11-3шеснаестина финалаБрага0-21-0

Познати играчи

Јацек Бак Карол Линети Роберт Левандовски Пјотр Швјерчевски Лукаш Теодорчик

Тренер Мацеј Скоржа (2014-2015)

Надворешни врски

Официјална страница Лех Познањ (90minut.pl)

Наводи

Лех Познањ Категорија:ФК Лех Познањ Категорија:Познањ