Јован Јоновски (, ) — хералдичар, хералд и претседател на Македонското грбословно друштво, историчар, теолог и физичар, најпознат по своите активности во хералдиката, вексилологијата и фалеристиката.

Животопис Јоновски е роден на 7 август 1971 година во Скопје, каде што дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот по физика. Теологија студирал во Будимпешта, Лондон и Нови Сад, каде магистрирал во 2008 година. Во 2014 година магистрирал по историја во Скопје на Институтот за национална историја. Докторирал во 2018 исто на ИНИ со темата „Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија“.

Јоновски е претседател и хералд на Македонското грбословно друштво од основањето во 2018 година. Од 2003 до 2018 година бил претседател на духовниот наследник на МГД, наречено Македонско хералдичко здружение. Придружен член е на Меѓународната академија на хералдика, член на Интернационалната комисија за витешки редови, член на Комисијата за Одликувања и признанија на Македонија на Претседателot на Македонија (2009-2019), како и член на голем број национални хералдички здруженија.

Главен уредник е на „Македонски Хералд“, член на уредничкиот одбор на „Херолд“ од Софија. Автор e на поставката „Грбовите на Македонија“ во Музејот на Македонија во 2009 година.

Носител е на рускиот орден „Свети Станислав“.

Книги Симболите на Македонија, Силсон, 2015. Илустрирана Библија, Библиска лига, 2015. Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, 2017. Прирачник за возачи за превоз на опасни материи во меѓународниот патен сообраќај ADR, АСУЦ, 2017 Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија, Македонско грбословно друштво, 2019. The Sun and the Lion as Symbols of the Republic of Macedonia: A Heraldic and Vexillological Analysis, Flag Heritage Foundation, Danvers, 2020. Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, каталог на изложба, Изгрев, 2021.

Целосна библиографија.

Наводи

Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски хералдичари Категорија:Македонски теолози Категорија:Македонски физичари Категорија:Македонски грбовни службеници