Дебрен — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Дебрен се наоѓа на 10 километри источно од Неврокоп и на 4 километри југоисточно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на југозападните Родопи на надморска висина од 883 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 18.023 км2.
Историја Историјата на селото Дебрен може да се подели во две фази: историјата на новото и старото село. мини|250п|десно|Празнување на Денот на детето во 1930-те години.Веројатно сликата е за друг настан затоа што Меѓународниот ден на децата е на 1 јуни и потекнува од Светската конференција за здравјето на децата во 1925 година одржана во Женева. Во Бугарија во 1927 година му беше издадена наредба на Царот Борис Трети да го одбележи Денот на децата во втората недела по Велигден секоја година. 1 јуни беше официјално прогласен за Меѓународен ден на децата во 1949 година. Една година подоцна, 1 јуни првпат се прослави истовремено во 51 земја низ целиот свет. Речиси во секоја земја во светот се слави Денот на децата. Овој празник е на различни датуми и е различно поврзан со традицијата на различните земји.
Антиски и средновековен период Историјата на старото село е античка и денес сè уште можат да се забележаат остатоци од неколку епохи на подрачјето на колалитетите „Св. Ѓорѓи“, „Св. Архангел“, „Алангерица“, „Гармаде“, „Пирек“, „Селиште“ и други.Гоце Делчев – Археологически обекти и места На еден километар северно од денешното село, биле пронајдени траги од доцноантичката црква. Остатоци од многу стари населби и два сè уште функционални римски мостови зборуваат за богатото историско минато на селото, убавината на природата, прекрасниот поглед на Пирин планина и долината на реката Места.
Османлиско Царство Во списокот на населби и број на немуслимански домаќинства во вилаетот Неврокоп од 13 март 1660 година, селото Дебрен (Дебрани-и бузјург), се споменува како село со 4 немуслимански семејства. Во други османлиски документи, селото се среќава испишано само како Дебрани ().
Во текот на 19 век, селото припаѓало кон Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дебрен (Débren) е село со 60 семејства и 160 Помаци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 128 – 129. Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век во селото Дебрен имало 331 машки муслимани а во селото имало 100 куќи. Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители, сите сите Помаци. Во селото имало 70 куќи.
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволц во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 841
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Новото село датира од 1968 година, кога жителите решиле да го преместат селото во близина на рамнината, што ќе им ја олесни работата како земјоделци. Така започнало изградбата на едно од најновите села во Бугарија. Денес новото село Дебен е едно од најубавите и најразвиените села во регионот со канализација, водоснабдување, прекрасни двокатни куќи и вредно население. Во 2004 година, се отворило новото чилиште, за кое жителите можат да се гордеат. Во 1993 година, селаните изградиле голема и убава џамија со свој труд и ресурси.
Население +Население на Дебрен по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 679 802 947 1135 1398 1861 2117 2241 2251 2301
+Етнички состав на населението од 2011 година: Националност Население Процент Бугари 1417 81,95% Турци 37 2,14% Роми 21 1,21% Останати 22 1,27% Неопределени 232 13,42% Вкупно 1729 +Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Грмен Категорија:Села во Пиринска Македонија