Веби Рушитоски (, – на автопатот Скопје - Тетово, , ) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.
Животопис Живот, војната 2001 и сведоштва
Веби Рушитоски е роден на 23 септември 1976 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Беше женет за сестрата на Ердован Шабаноски, со кој подоцна заедно ќе загине во масакрот кај Карпалак. Во својот кус живот работел сè и сешто, секаде и кај секого што ќе му понудел некаква работа. Немал занает, но научил да прави ќумбиња за пржење ајвар. Со тоа го прехранувал семејството и плаќал кирија. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Веби, заедно со шура му Ердован Шабаноски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 138
Седум дена Веби и Ердован Шабаноски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинуваат во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Рушитоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. Наводи
Категорија:Прилеп Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски Роми