Анадолија или Анатоликон (грчки: Άνατολικόν [θέμα], Anatolikon [thema]) - византиска тема која се наоѓала во централниот дел на Анадолија, во денешна Турција. Од своето основање, оваа тема била најголемата и една од најважната за ВизантијаGyftopoulou, 2003 Chapter 3. Темата и нејзината армија одиграле голема улога во Арапско-византиските војни во периодот од 7 век до 10 векGyftopoulou 2003, Chapter 1., по кое следувал периодот на релативен мир кој траел до освојувањето на оваа територија од страна на Селџуците во 1070-тите.

Како тема за прв пати била спомната во 669 година бидејќи граничела директно со непријателскиот исламски калифат и била помогната од императорите од сириската династија. Во 714 година тогашниот стратег (stratēgós) на Анатоликон, Лав Исавир, сам се прогласил за император (Лав III).

Темата Анатоликон е спомната за последен пат во изворите во 1077 година, кога нејзиниот стратег, Никифор Вотанијат, се прогласува за цар.

Главен град на темата бил Аморион до грабежите во 838 година.., а потоа резиденцијата најверојатно била во Полиботос..

Наводи

Категорија:Византиска Анадолија Категорија:Византиски теми