Драгуш — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 32 километри северозападно од градот Петрич, во планински регион. Атарот на селото зафаќа простор од 1.649 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 1017 метри.

Историја Османлиско Царство

Се верува дека селото било основано во XVIII век. Според легендата, селото го добило своето име според првиот доселеник - Драгуш (Драгош) од Берово, кој избегал од Турците и се населил во областа. Според други извори, селото било основано пред четири века од три семејства - од Берово, со Јуруците (денес во Грција) и БараковоГерманов, Стоян. Огражден във времето, София, 2019, с. 217..

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгуш (Dragouch) е село со 25 семејства и 85 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149..

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 246 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 264 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 844.

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија