Старчево (, ) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Старчево се наоѓа на 10 километри северно од Петрич, во Петричката котлина во југоисточното подножје на планината Огражден. Селото се наоѓа на надморска висина од 131 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 12.189 км2. Соседни села се Крналово и Рибник. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 мм.
Османлиско Царство
Селото се споменува во отоманските регистри од 16 - 17 век под името Истарчева. Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Истарчева. Во истата година, во селото живееле 112 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.556 – 559..
Во 1848 година, со помош на Неделчо чорбаџи и дедо Георги, била изградена првата црква во Петричко - Свети МинаЕнциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 288.. Во текот на XIX век, селото било мешано и било во составот на Петричката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Старчево (Startchevo) е село со 93 семејства од кои 35 Турци и 265 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148..
Во 1878 година, жителите на селото активно се вклучиле во Кресенското и Разловешкото востане. За краток период, во селото била поставена и револуционерна власт. Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 95 македонски домаќинства,Веркович, Стефан. Топографическо-этнографический очерк Македонии, СПб, 1889.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 620 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 920 македонски патријаршисти и гркомани. Во селото има едно грчко основно училиште со 2 наставници и 25 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187..
Жителите на Старчево се придружиле на грчката вооружена пропаганда во Македонија на страната на грчките сили, војувајќи против македонските револуционериВеличко Георгиев и Стайко Трифонов. „Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на XX век“, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 184 и 209.. Во декември 1904 година, одредот на Дончо Златков го нападнал селото и ги принудил селаните да ги предадат грчките учители Фотини Пападимитриу и Андонис Плумис. Сепак, селото се спасило поради интервенцијата на отоманските единици. На 5 јули 1905 година, единицата на Петров го нападнала Старчево и ги убила грчките водачи. По овој напад Теодосиј Ганчов ја организирал локалната гркоманско чета, во која биле и Димитар Смилјански (Δημήτριος Σμηλιάντης), Пандо Кирјаков (Παντελής Κυριακού), Ангел Пасхалев (Άγγελος Πασχάλης), Давид Вакуфчев (Δαβίδ Βακουφτσής), Петар Богоричев (Πέτρος Μπογορίτσης) и Илија Богоричев (Ηλίας Μπογορίτσης) од Старчево, како и Иван Белевеслев (Ιωάννης Μπελεβεσλής), Петар Перингов (Πέτρος Περίγγος), Иван Белевеслев (Ιωάννης Ραφτόπουλος) и Никола Капитанов (Νικόλαος Καπετανόπουλος) од Ветрен. Ганчов доаѓа во контакт со грчкиот конзулат во Сер, кој му обезбедува оружје. Војниците на Ганчов оперирале во Мелничко, Неврокоп, Валовишко и Струмишко сè до Балканските војниΚωνσταντίνος Αποστόλου Βακαλόπουλος, Ο ένοπλος αγώνας στη Μακεδονία 1904 – 1908, εκδόσεις Ηρόδοτος, Θεσσαλονίκη, 1999, σσ. 261, 262, 263Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σελ. 147.
Во учебната 1896 - 1897 година, грчки учител во Старчево бил Гајос ЛазаруΓάιος Λαζάρου (1876 – 1950). Од 13 ноември 1901 до 1911 година, грчки учител во Старчево бил Фотини Пападимитриу, помогнат од NEGOVATA мајка Евдокија, која зборувала македонскиΧρηστίδης, Νικόλαος Χρ. Οι δρόμοι των Σερρών και η Ονοματολογία των. Σέρρες, Αφοι Χαραλαμπιδη Ο.Ε, 2012. σ. 34. Посетен на 26 јуни 2014.. По Младотурската револуција во 1908 година, грчкиот капетан Николаос Гусиос станал учител во селотоΑρχείο Διεύθυνσης Εφέδρων Πολεμιστών Αγωνιστών Θυμάτων Αναπήρων (ΔΕΠΑΘΑ), Αρχείο Μακεδονικού Αγώνα, φ. Γ-241Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σελ. 158.
Во 1912 година за време на Балканските војни, бугарската војска влегла во селото. За време на Втората балканска војна во јули 1913 година, Старчево го освоиле грчките сили. На 9 јули 1913 година селото било запалено од грчката армијаКарнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, с. 283..
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Грчките жители се преселиле во Грција. Грчките власти ги натовариле со брод и ги насочиле кон мочуришните области во Катеринско. За време на патувањето избувнала голема морска бура. Подоцна скоро сите се разболиле од маларија и повторно заминале на север. Некои од жителите се населиле во селото Ветрен (денес Нео Петрици) кај Беласица, точно спроти Петрич, а мал број повторно се вратиле во Старчево. Во Ветрен Старчевци се главниот дел од населението.
Од 1913 до 1925 година, бегалците од Демирхисарско и Серско се населиле во селотоЕнциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр.288..
Население +Население на Старчево по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 592 795 1049 917 762 814 798 685 577 580
+Етнички состав на населението од 2011 година: Националност Жители Процент Бугари 473 99,37% Останати 3 0,63% Вкупно 476 +Население по возраст од 2011 година:
Културни знаменитости Во близина на селото се наоѓа познатата месност Рупите и природната знаменитост Кожух.
Редовни настани 11 ноември – Свети Мина, традиционен празник на селото.
Личности Родени во Старчево Теодосиј Ганчов (Теодосиос Ганциос), грчки андартски капитан Костадин Паскалев, вицепремиер на Бугарија во времето на Симеон Сакскобургготски и два мандата градоначалник на Горна Џумаја од партијата на БСП.
Наводи
Литература Паскалев, Стоян. „Старчево“, Благоевград, 2011, 32 стр.
Надворешни врски Таткото на Паскалев пишува книга за родното село Старчево Слики од селото Грчко мрежно место за Старчево
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија