Седелец () — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010

Историја Отоманско Царство Во текот на XIX век, селото било населено со христијани и било во составот на Мелничката каза а по 1878 година, на Петричката Каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сиедец (Siédets) имало 26 домаќинства со 80 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. Војводата на ВМОРО Христо Куслев во своите спомени кажува дека создал револуционерни комитети во Раздол и околните села.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 877

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Географија Селото Седелец се наоѓа на околу 47 километри јужно од регионалниот центар Благоевград, на околу 11 километри западно-југозападно од општинскиот центар Струмјани и на околу 15 километри западно-северозападно од градот Сандански. Се наоѓа во јужните делови на Малешевските Планини. Надморската височина кај црквата е околу 780 m, се издигнува на околу 815 m на северозападниот крај на селото, а на југоисток се намалува на околу 740–750 m.

Општинскиот пат од Седелец на југ минува низ селото Махалата до делницата на патот кој доаѓа од исток од селото В’лково преку селата Палат и Игралишта и води на запад до селото Никудин.

Атарот на селото Седелец се граничи со атарите на: село Цапарево на север и североисток; селото Крпелево на североисток; селото Микрево на североисток; селото Вељуштец на исток; селото Махалата на југ; селото Никудин на југозапад; селото Колибите на запад.

На земјиштето на селото Седелец има 5 микробрани.Държавна агенция за метрологичен и технически надзор; язовири, село Седелец; към 2022 г. Население

+Население на Седелец по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 Жители 342 451 469 444 222 141 115 85 32

+Население по возраст од 2011 година:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:

Број на население Вкупно 32Бугари 32Турци -Роми -Останати -Не се определиле - Без одговор -

Наводи

Категорија:Општина Струмјани Категорија:Села во Пиринска Македонија