Дере Мислим — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Во 1935 година, официјалното име на селото е ЛозеницаМичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989..
Географија и местоположба
Селото Дере Мислим се наоѓа на 20 километри јужно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 391 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 8168 км2.
Историја Османлиско Царство Црквата „Свети Илија“ била изградена во XVII век.
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало на Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дере чифлик (Déré-tchiflik) е село со 62 семејства и 210 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141..
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 210 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.. Училиштето во селото било отворено од страна на Костадин Точев по наредба на Јане Сандански во куќата на чорбашијата Атанас Белјата, а грчкиот учител бил протеран. Точев на двапати бил затворан и на распит повикуван од страна на мелничкиот кајмакам Ибрахим-бег
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Дере Мислим по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 312 403 378 359 265 177 151 122 83 63
+Население по возраст од 2011 година:
Личности Родени Вангел Андонов (1880 – 1922), македонски деец на ВМОРОМихайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 709.
Починати Атанас Павлов (поп Ташо) (1822 – 1907), црковен деец
Галерия
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија