Грац () или Градец () — главен град на Штаерска и втор најголем град во Австрија по Виена. Според податоците од 1 јули 2015 година, бројот на жители во Грац изнесува 310,391.

Градот има долга традиција на „универзитетски град“, со шест универзитети и преку 44.000 студенти. Старото градско јадро на Грац се смета за едно од најзачуваните во Средна Европа.

Географија Грац се наоѓа по течението на реката Мура во југоисточна Австрија. Оддалечен е околу 200 км југозападно од Виена. Најблискиот поголем град до Грац е Марибор во Словенија, кој е оддалечен околу 50 км. Грац е главен и најголем град на Штаерска.

Култура Во текот на 2003 г. Грац бил европска престолнина на културата.

Музеи right|thumb|Кунстхаус Грац е град со богата култура и мноштво музеи. Еден од најзначајните е Кунстхаус (Kunsthaus Graz). Изграден е во 2003 година и оттогаш е главно архитектонско обележје на градот. Музејот му служи на современото уметничко творештво од последните четири децении.

Меѓународни односи

Збратимени градови Ковентри, Англија, од 1948 Дармштат, Германија, од 1968 Дубровник, Хрватска Гронинген, Холандија, од 1964 Љубљана, Словенија, од 1979 Марибор, Словенија, од 1987 Монтклер, САД, од 1950 Печ, Унгарија, од 1989 Пула, Хрватска, од 1972 Санкт Петербург, Русија Трст, Италија, од 1973 Трондхејм, Норвешка, од 1968(Norwegian)Trondheims offisielle nettsted – Vennskapsbyer  Темишвар, Романија, од 1987 Други форми на соработка и меѓуградски пријателства, слични со концептот на збратимени градови:  Ниш, Србија  Бања Лука, Босна и Херцеговина

Наводи

Категорија:Градови во Штаерска Категорија:Општини во Штаерска Категорија:Општини во Салцбург Категорија:Светско наследство во Австрија