Убиство во хотел Босфор (турски: Kitapçi Dükkâni) - роман на турската писателка Есмахан Ајкол од 2001 година. Првобитно, романот бил објавен од страна на турската издавачка куќа „Everest Yayinlari“ од Истанбул, а во 2003 година бил објавен и во Цирих од страна на издавачката куќа „Diogenes Verlag AG“.

Содржина Романот се состои од следниве глави:Есмахан Ајкол, Убиство во хотел Босфор. Скопје: Антолог, 2014. Еден Два Три Четири Пет Шест Седум Осум Девет Десет Гасеници и уште некои други работи

Македонски изданија Во март 2014 година, романот бил објавен на македонски јазик, како издание на „Антолог“ (44. книга од библиотеката „Бранови“), а во превод на Тулај Сејфула. Преводот на книгата бил поддржан од Министерството за култура и туризам на Турција, во рамките на програмата ТЕДА. Книгата има 208 страници, со обем од 20 сантиметри, каталогизирана е во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-608-243-006-5. Насловната корица била дело на Ана Андроска, лектурата ја направила Кристина Велевска, а ликовно-графичкото уредување било извршено во „Антолог“. Книгата била испечатена во печатницата „Графоден“, во тираж од 500 примероци. На задната страница се наоѓа фотографија на авторката, заедно со куси биографски податоци.Есмахан Ајкол, Убиство во хотел Босфор. Скопје: Антолог, 2014.

Наводи

Категорија:Турски романи Категорија:Дела на Есмахан Ајкол