Махмут-пашина џамија () — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.

Местоположба

Џамијата се наоѓа во реонот на Фатих, во населбата Махмутпаша во Истанбул.

Историја

Џамијата била изградена во 1464 година во времето на Мехмед II од страна на големиот везир Махмуд-паша Ангеловиќ, каде се наѓа и неговиот гроб.

Опис

Џамијата има правоаголен облик на олтарот, голем ходник кој во средината е поделена со две арки и со една купола. Џамијата била реновирена во текот на XIX век, каде бил додаден трем. При изградбата бил користен каменот како основен материјал, додека внатрешно говорницата била дрвена, која била уништена од пожарот во XVIII век.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Џамии во Фатих Категорија:Архитектура од 15 век