Аделебзен () — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на 15 километри оддалеченост од градот Гетинген и е сместена на реката Швилме.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Општината е составена од Аделебзен, Бартероде, Еберхаузен, Ербзен, Гинтерзен, Ледингзен и Вибеке. Замокот Аделебзен се наоѓа на рид во самата општина.
Историја
мини|лево|Замокот Аделебзен во графика од век
Местото е првпат запишано во 990 година под името „Етелевесхузен“ во документ за подарок на земја од царот Отон III на неговата сестра Софија. Благородничкото семејство Фон Вихбике (од Вибеке) го преместиле своето седиште во Аделебзен во 1234 година и изградиле замок таму. Замокот е првпат забележан во 1295 година, а семејството оттогаш е познато како Фон Аделебзен, наречени по местото.„Аделебзен, Замок“ (10 април 2012)„Локалното благородништво и нивните замоци“ (блог) (23 јули 2008)
Од век„Историја “Meyer, Ph. (1942). Review of the book Das Patrimonialgericht Adelebsen, by Herbert Mundhenke. Theologische Literaturzeitung, vol. 67(no. 9/10), col. 281-282. до средината на век, благородниците од Аделебзен одржувале дворски суд во Аделебзен. Грофовите на Аделебзен издале законик во 1543 година и декрет во 1550 година,Walch, Carl Friedrich (1793). "Gerichtsordnung derer von Adelepsen vom Jahr 1543" (pp. 1-21), "Policeyordnung derer von Adelpesen vom Jahr 1550" (pp. 22-42). Vermischte Beyträge zu dem deutschen Recht. Volume 8. Jena: Crökersche Buchhandlung. кои ја овозможила основата на правото и административните одредби во рамките на нивната власт, како и изрекување казни за нарушување. Нивниот приход доаѓал главно од даноци, казни и такси, како што биле за пиварници, водење анови или крчми и вршење на трговија и одредени занаети. Во 1859 година, за време на администрацијата на Кралството Хановер, надлежноста на дворскиот суд била вклучена во новоосновниот кралски суд во соседниот Услар. Во 1866 година, Хановер станал дел од Кралството Прусија и со тоа познат како Покраина Хановер.
Аделебзен и замокот биле делумно запалени во 1466 година од Ернст I од Шауенбург, епископ на Хилдесхајм, во текот на обласен конфликт.Heimatverein Barterode. "Historische Zeittafel " (германски) Првично изграден како тврдина, замокот бил повторно изграден во 1596 година со извонредна фасада и бројни големи соби со прозорци, подобни за служење како благородничка резиденција.Aufgebauer, Peter (1998). "Burg - Kloster - Stadt: Zur mittelalterlichen Geschichte des südlichen Niedersachsen" (германски). Concilium medii a cvi, 1, p. 123-174; here: p. 133-134.
Градот и замокот бил повторно уништени во текот на Триесетгодишната војна. Замокот бил повторно изграден во 1650 година; а во 1740 година обновен и проширен во барокен дворец.
Почетоците на еврејската заедница во Аделебзен се кон крајот на век, а првото еврејско семејство е запишано во даночен список од 1675 година.Schaller, Berndt, & Eike Dietert (2010). Im Steilhang: der jüdische Friedhof zu Adelebsen: Erinnerung an eine zerstörte Gemeinschaft. Göttingen: Universitätsverlag Göttingen. p. 13. Во 1796 година имало 20 еврејски семејства во селото."Adelebsen/Solling (Niedersachsen)" (2008). Klaus-Dieter Alicke (Ed.). Lexikon der jüdischen Gemeinden im deutschen Sprachraum. 3 vols. Güterloh: Güterloher Verlagshaus. vol. 1, cols. 15-17. достапно: "Adelebsen (Niedersachsen)," на www.jüdische-gemeinden.de. До век, еврејската заедница станала една од најголемите во областа. Во 1848 година, 149. Евреи претставувале 13% од вкупното население. Но, големината на заедницата значајно опаднала кон крајот на и почетокот на век, па така во 1925 година во Аделебзен живееле само 46 Евреи, што било 3% од населението.Schaller & Dietert (2010), p. 16-17. Во текот на нацистичкиот режим, заедницата била уништена со затворање, преселување и убивање. Локалната синагога била уништена во текот на Кристалната ноќ од членови на СС од Гетинген, потпомогнати од локални членови на СС од Аделебзен.Schaller, Berndt, & Eike Dietert (2010). Im Steilhang: der jüdische Friedhof zu Adelebsen: Erinnerung an eine zerstörte Gemeinschaft. Göttingen: Universitätsverlag Göttingen. p. 18.
Меѓународни односи Збратимени градови
Аделебсен е збратимен со следниве градови:
Острувек, Полска (од 1999 г.) Вјелуњ, Полска (од 1999 г.)
Луѓе од Аделебзен
Хајнрих Кристијан Буркхарт (1811–1879) — шумар, по кого е наречено основното училиште во Аделебзен Ото Денеке (1875–1956) — адвокат, политичар, историчар на уметноста и библиофил Ернст Грефенберг (1881–1957) — доктор, прв ја опишал г-точката Кристхард Маренхолц (1900–1980) — музичар Ханс-Херман Бартенс (р. 1945) — лингвист Карл-Рудолф Фишер (р. 1954) — политичар
Наводи
Надворешни врски
Архивска збирка на Еврејската заедница во Аделебсен
Категорија:Гетинген (округ)