мини|Гробна биста на Наум Веслиевски во Јанковец. Наум Ташков Веслиевски - Овчарот ( во , Ресенско — во , Ресенско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ, потполковник од НОВЈ и деец на НОВМ.

Животопис Роден е во 1921 година в ресенското село Златари. Во текот на 1941 година станал член на СКОЈ, а од наредната година и на КПЈ. Од 1942 година е заменик-командир на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а на 18 јуни 1943 година е назначен за командир на Партизански баталјон „Мирче Ацев“. Од март до 6 јуни 1944 година е политички комесар на Третата македонска ударна бригада, а пред тоа е нејзин заменик-командир. Делегат е на Првото заседание на АСНОМ. На 25 септември 1944 станала командир на Четириесет и првата македонска дивизија на НОВЈ, а наредната година и на 48. македонска дивизија на НОВЈ.

По Втората светска војна во периодот 1945-1947 година учел во воената академија Фрунзе во Москва. По враќањето е назначен за командир на трета ударна бригада. Осомничен во врска со резолуцијата на Информбирото, запаѓа во криза и е примен во психијатриската клиника во Бардовци.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 270

Наследство мини|десно|200п|Бистата (десната) на Наум Веслиевски, заедно со бистата на Димитри Трајчески. Во негова чест, подигната му е биста во родното Златари.

Наводи

Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Репресирани поради Резолуцијата на Информбирото Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ