Регион ОклендЗемја: Нов Зеландcenter|220pxРегионИме:Оклендски советУправник: Лен Браун (градоначалник на Окленд)Население: ()Површина:6059 км2Мреж. место:http://www.arc.govt.nz Населени местаГрадови:ОклендПомали места:Орева, Хеленсвил, Воркворт, Велсфорд, Пукекохе, Ваиуку, Кливдон, Мараетаи, Муриваи, Пиха, Коутсвил, Кумеу, Друри
Окленд (англиски: Auckland) е еден од 15-те региони во Нов Зеланд, кој го носи името по Окленд, голем град во неговото средиште. По адмиинстративните реформи и обединувањето на Окленд, регионалната надлежност ја има Оклендскиот совет.
Географија На копно, регионот се простира од почетокот на заливот Каипара северно и преку јужните делови на Севернооклендскиот Полуостров, крај планинскиот венец Ваитакере и теснецот на Окленд, па сè до венецот Хунуа и низините јужно од заливот Манукау. Регионот завршува неколку километри од устието на реката Ваикато. Северно се граничи со Нортленд, а јужно со регионот Ваикато. Во регионот спаѓаат и островите на заливот Хаураки.
Површината му е помала од онаа на сите други унитарни единици освен Нелсон. Највисока точка е врвот на Малиот Препречен Остров со 722 метри.
Територијални води Тихиот Океан и Тасмановото Море го сочинуваат крајбрежјето на регионот. Источниот брег се преклопува со водите на заливот Хаураки, кој е ракав на Тихиот Океан заштитен од голем број на помали и поголеми острови, а особено од Големиот Препречен Остров на североисток. Заливот Ваитемата, кој е ракав на заливот Хаураки ја сочинува главната лука на Окленд. Копненото крајбрежје е долго 1.613 км. Тука насекаде наоѓаме заливчиња и устија и полузатворените пристаништа Ваитемата, Манукау и Каипара.
Западно лежат две природни заливски пристаништа, Каипара и Манукау. И двете имаат опасни приоди и не се користат за бродови. Заливот Каипара (чија јужна половина е во регионот Окленд) е едно од најголемите природни пристаништа во светот, со површина од 530 км2. Манукау, кое се наоѓа на југозападниот дел од регионот, има мала лука во Онехунга, но и таа е исто така е тешко пристапна - особено заради предоминантниот југозападен ветер. На работ на пристаништето се наоѓа оклендскиот меѓународен аеродром Регионот има многу убави плажи, особено на тасманскиот брег јужно од Каипата. Некои од овие се плажите Муриваи и Пиха.
Вулканско подрачје Окленд лежи врз лавино подрачје во мирување. Регионот има 49 вулкани со разни старости, од кои најстариот се создал пред 150.000 години. Сите вулкани се релативно мали, некои од кои не се повисоки од 150 метри.
Последната ерупција се случила пред околу 600 години. Овој настан го создал островот Рангитото.
Население И покрај малата површина, овој регион е во голема мера најнаселениот во Нов Зеланд, со население од 1.462.000 жители (јуни 2010) или 33,5%% од населението во земјата. Тој исто така се развива и расте најбрзо од сите региони, со пораст на населението за 240.000 во последните 10 години - пораст од 22% (според пописите од 1996, 2001 и 2006). Според пописот од 2001, во регионопт Окленд живее 26.3% од европејското население цо државата, 24.3% од вкупното маорско и 66.7% од вкупното тихоокеанско население, 63,7% од азијатското и 54,7% од „останатите“ етнички групи. Ова ја покажува етничката разноликост на регионот, особнено во споредба со остатокот од Нов Зеланд.
Во регионот се наоѓа градот Окленд, помали гратчиња, рурални области и островите на заливот Хаураки.
Управна улога Регионот го управува Оклендскиот совет, по укинувањето на Оклендскиот регионален совет заради административното обединување на Окленд (наречено „суперград“).
Статистика Критериум (2007-2008)Преглед на превозниот систем – Табела 1: Клучни статистики за регионот Окленд (јуни 2007-јули 2008) (Национална прогрма за патен превоз 2009–2012, Окленд, НЗТА, август 2009. проверено на 14 јануари 2010) во регионот Окленд во Нов Зеланд % во регионот Окленд Население 1.432.200 4.268.500 34 Површина (км2) 5600 275.400 2 Увоз 14,1 милиони 79,2 милиони 18 Извоз 8,3 милиони 73,4 милиони 11 БДП ($) 42.200 милиони 155.400 милиони 27 Патнички превоз (автобуски) 43.165.200 92.777.200 47 Патнички превоз (железнички) 6.794.100 18.346.600 37 Патнички превоз (траектски) 4.374.600 4.695.000 93 Извозени километри 12.200 милиони 40.200 милиони 30 Смртни случаи (превозен систем) 81 366 15 Меѓуградски патишта, сите видови (km) 335 10.906 3 Меѓуградски патишта, автопатишта (km) 106 172 62
Поврзано Окленд Список на населби во Окленд
Надворешни врски
Оклендски Регионален Совет Вуланите на Окленд
Наводи
Окленд *