Надвојводство Австрија () — едно од главните надвојводства на Светото Римско Царство и јадрото на Хабсбуршката монархија. Со главен град Виена, надвојводството претставувало центар во југоисточниот дел на царството.
Надвојводството било основано на територијата на Маркгрофовија Австрија и Војводство Австрија. Хабсуршката династија на австрискиот престол дошле во 1282 година и во 1453 година царот Фридрих III како австриски владетел официјално ја додал титулата надвојвода, основајќи го Надвојводство Австрија. Од 15 век сите свети римски цареви ја користиле титулата надвојвода.
Историјата на ова надвојводство завршила со распаѓањето на Светото Римско Царство во 1806 година. Таа била наследена од Долна Австрија и Горна Австрија како дел од Австриско Царство.
Австрија се наоѓа по долината на река Дунав. Граничела со Кралство Унгарија на исток, на југ со Војводство Штаерска, на север со Бохемија и Моравија и на запад со Војводство Баварија.
Наводи
Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Поранешни вазалства Категорија:Австриски округ
Категорија:Држави и територии распаднати во 1806 година