Свети Пантелејмон — главна селска црква во велешкото село Согле, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена на влезот на селото, покрај регионалниот пат 2336. Околу нејзе се сместени новите христијански гробишта во селото.

Историја

Во 1960-тите години кога истражувачот Јован Трифуноски бил во селото, забележал дека новите христијански гробишта биле создадени во источниот дел на селото, каде подоцна ќе биде изградена црквата.

Темелите на црквата ги осветил свештеникот Ристо Наумовски на 11 јули 1990 година.

Архитектура Фрескоживопис

Била фрескоживописана од Новица Трајковски од Скопје.

Галерија

Поврзано Велешко архијерејско намесништво Богомилска парохија Согле

Наводи

Надворешни врски

Согле Категорија:Македонската архитектура во 1990 година