Летни олимписки игри 2016 (), официјално познати како Игри на XXXI Олимпијада или само како Рио 2016 — Летни олимписки игри кои се одржале во Рио де Жанеиро од 5 до 21 август 2016, при што натпреварите во фудбал започнале на 3 август 2016 година.
На игрите учествувале рекорден број на земји во рекорден број спортови. Притоа, повеќе од 11.000 спортисти од вкупно 206 национални олимписки комитети настапиле на игрите, вклучувајќи ги и спортистите од Косово и Јужен Судан кои настапуваат за првпат. Медали биле доделени во 306 натпреварувања во вкупно 28 олимписки спортови, вклучувајќи ги и рагби-7 и голф кои биле додадени од страна на Меѓународниот олимписки комиет (МОК) во 2009 година. Натпреварувањата во спортовите се одржуваат во 33 зданија во градот-домаќин и во уште пет зданија во Саун Пауло, Бело Хоризонте, Салвадор, Бразилија и Манаус.
Ова биле првите Летни олимписки игри под претседателство со МОК ма Томас Бах. Изборот на Рио де Жанеиро како град-домаќин бил направен на 121. седница на МОК која се одржала во Копенхаген на 2 октомври 2009. Со тоа, Рио е првиот јужноамерикански град-домаќин на олимписките игри. Ова исто така биле првите олимписки игри кои се одржале во земја од португалско говорно подрачје, првите кои во целост се одржале во текот на зимата во градот-домаќин, првите кои по 1968 се одржале во Латинска Америка и првите по 2000 кои се одржале на јужната полутопка.
Подготовките пред игрите биле одбележани со бројни загрижености и контроверзии, меѓу кои се нестабилноста на федералната власт во Бразил, епидемијата на вирусот Зика, значителното загадување во заливот Гванабара, како и скандалот со употреба на недозволени средства во Русија кој значително влијаел врз учеството на спортистите од оваа земја на игрите.
Избор на град-домаќин мини|десно|180п|Девојче се потпишува во знак на поддршка за кандидатурата на Рио де Жанеиро за град-домаќин на Летните олимписки игри 2016 (јануари 2009). Процесот за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри 2016 званично започнал на 16 мај 2007. Прв чекор за секој град заинтересиран за организирање на игрите бил да поднесе почетно барање до Меѓународниот олимписки комитет најдоцна до 13 септември 2007 и со тоа да ја потврди намерата за учество во изборот. Пополнетото барање со одговори на 25 прашања поставени од страна на МОК во прашалникот требало да се испратат најдоцна до 14 јануари 2008 година. Од сите заинтересирани градови за организирање на игрите, на 4 јуни 2008 било објавено дека во потесен круг се четири градови, и тоа: Чикаго, Мадрид, Рио де Жанеиро и Токио. МОК не го вклучил Доха во потесниот круг, иако истиот имал повисоки оценки од Рио де Жанеиро, бидејќи намерата била да се организираат игрите во октомври, што е надвор од спортскиот календар на МОК. Прага и Баку исто така не влегле во потесен круг.
Наваел Ел Мутавакел од Мароко ја предводел десетчлената комисија за оценка, а на истата функција бил и при изборот на град-домаќин за игрите во 2012. Комисијата направила оценка на самото месото во првото тримесечје од 2009, по што објавиле сеопфатен технички извештај за членовите на МОК на 2 септември, еден месец пред изборот.
Со цел да се спречи комуникацијата на кандидатските градови со 115 членови со право на глас и на тој начин да влијаат врз изборот биле воведени бројни ограничувања. Така на пример, на кандидатските градови им било забрането да канат членови со право на глас да го посетат градот или пак да испраќаат ствари кои би можело да се протолкуваат како подарок. Но и покрај тоа, кандидатските градови вложиле големи износи на средства во односите со јавноста и медиумските програми во обид на посреден начин да влијаат врз членовите на МОК преку собирање поддршка од домашната јавност, спортските медиуми и општо од меѓународните медиуми.
На крајот на краиштата, комуникацијата е со само 115 лица и секој од нив има групи кои вршат влијание и притисок, но сепак разговорите се со не повеќе од 1.500 лица, можеби 5.000 во најширока смисла на зборот. Работата не е само во објавувањето на реклами, туку во целна и многу внимателно планирана кампања. — Џон Тибс, советодавач на кандидатурата на ТокиоRings Around the World Communicate magazine, April 2009
Конечното гласање се одржало на 2 октомври 2009 во Копенхаген, при што најмногу шанси им се давале на Мадрид и Рио де Жанеиро. Чикаго и Токио биле елиминирани во првите два круга на гласање, додека Рио де Жанеиро имал значителна предност пред Мадрид во пресрет на последниот круг. Предноста останала и по гласањето во последниот круг и Рио де Жанеиро бил прогласен за град-домаќин на Летните олимписки игри 2016, со што станал првиот јужноамерикански град-домаќин на игрите. Претходно, неуспешни кандидатури на јужноамерикански градови за организација на игрите имале Буенос Аирес (1936, 1956, 1968 и 2004) и Бразилија, чија кандидатура била откажана за игрите во 2000. Резултати од изборот на град-домаќин на Летните олимписки игри 2016 Град НОКПрв кругВтор кругТрет круг Рио де Жанеиро 264666 Мадрид 282932Токио 2220— Чикаго 18——
Спортски зданија мини|300п|Карта на зданијата каде што се одржале натпреварувањата Натпреварите се одржале во 18 постоечки, 9 новоизградени и 8 привремено изградени зданија.
Секој натпревар се одржал во еден од четирите географски поделени комплекси на спортски зданија: Бара, Копакабана, Деодоро и Маракана. Истото било направено и за Панамериканските игри 2007. Неколку објекти се наоѓаат во Барскиот олимписки парк.
Најголемото спортско здание на игрите во поглед на сместувачкиот капацитет е стадионот Маракана, официјално познат како Стадион „Марио Филјо“, чијшто капацитет изнесува 74.738 гледачи и служи како официјален олимписки стадион, на којшто бидат одрани церемониите на свечено отворање и затворање, како и финалните натпревари на турнирите во фудбал. Освен тоа, натпревари во фудбал се одржале на пет стадиони надвор од Рио де Жанеиро, односно во градовите: Бразилија, Бело Хоризонте, Манаус, Салвадор и Саун Пауло.
Олимпиското село се вели дека е најголемото во олимписката историја. Во него има околу 80.000 столици, 70.000 маси, 29.000 душеци, 60.000 закачалки за облека, 6.000 телевизори и 10.000 паметни телефони.
Олимписки парк Олимпискот парк Бара претставува комплекс од 9 спортски зданија во Бара да Тижука, во западниот дел од Рио де Жанеиро, кои се користеле за одржување на натпреварите на Летните олимписки игри 2016 и Летните параолимписки игри 2016. На местото на олимпискиот парк во минатото се наоѓал Автодромот „Нелсон Пике“, познат и како „Жакарепагуа“.
Деветте зданија што се користеле во олимпискиот парк се: Кариока Арена 1 за кошарка (капацитет: 16.000); Кариока Арена 2 за борење и џудо (капацитет: 10.000); Кариока Арена 3 за мечување и теквондо (капацитет: 10.000); Арена на иднината за ракомет (капацитет: 12.000); Воден центар „Марија Ленк“ за ватерполо, синхронизирано пливање и скокови во вода (капацитет: 5.000); Олимписки воден стадион за пливање и натпреварите за разигрување во ватерполо (капацитет: 15.000); Олимписки тениски центар за тенис (капацитет: 10.000 на глвното игралиште); Олимписка арена - Рио за гимнастика (капацитет: 12.000); и Олимписки велодром - Рио за велодромски велосипедизам (капацитет: 5.000).
Фудбал
Освен во Рио де Жанеиро, натпревари во фудбал се играле на стадиони во: Саун Пауло, Бело Хоризонте, Салвадор, Бразилија и Манаус.
Игрите Олимписки пламен мини|лево|180п|Штафета на олимпискиот пламен во Бразилија во рацете на одбојкарката Фабијана Клаудино Олимпискиот пламен бил запален во храмот на Хера во Олимпија на 21 април 2016, каде што е традиционалниот почеток на штафетата. На 27 април, пламенот им бил предаден на организаторите на Стадионот Панатинаико во Атина. Кратка пауза при пренесувањето на пламенот била направена во Швајцарија за да може да се посетат седиштето на МОК и Олимпискиот музеј во Лозана, како и канцеларијата на Обединетите Нации во Женева.
Штафетата н олимпискиот пламен во Бразил започнала на 3 мај во главниот град Бразилија. Олимпискиот пламен бил пренесен во повеќе од 300 бразилски градови, вклучувајќи ги главните градови на сите 26 сојузни републики, при што последен град е Рио де Жанеиро, каде што бил запален на церемонијата на свеченото отворање на 5 август.
Спортови Олимписката програма вклучува 28 споротив и вкупно 41 дисциплина со 306 натпреварувања.
Грчко-римски стил (6) Слободен стил (12)
Велодромски (10) Друмски (4) Планински велосипедизам (2) BMX (2)
Водни спортови
Ритмичка (2) Спортска (14) Трамбулина (2)
Слалом (4) Спринт (12)
Дресурно јавање (2) Прескокнување (2) Тробој (2)
Одбојка во сала (2) Одбојка на плажа (2)
Нови спортови мини|десно|180п|Олимпиското игралиште за голф Двата нови спорта во олимписката програма за игрите биле голф и рагби-7. Изборот за двете отворени места за нови спортови бил направен меѓу седум предложени спортови, и тоа: бејзбол и софтбол (спортови кои биле укинати во 2005), карате, сквош, голф, взоење ролерки и рагби. Претставници на седумте спортови одржале презентации пред извршниот одбор на МОК во јуни 2009.
Во август 2009, извршниот одбор првично го одобрил вклучувањето на рагби-7 — прилагодување на рагби со седум играчи — со мнозинска поддршка, и со тоа отстранувајќи ги бејзбол, возење ролерки и сквош од конкуренција. Од останатите три спортови — голф, карате и софтбол, одборот решил по пат на советување во олимписката пргорама да го додаде голфот. Конечната одлука за вклучувањето на новите два спорта била донесена на 9 октомври 2009, на последниот ден од 121. седница на МОК. На оваа седница бил воведен нов систем на гласање, така што вклучувањето на спортот било можно само со просто наместо со двотретинско мнозинство од одборот за одобрување на МОК. Извршниот директор на Меѓународната голфска федерација Ентони Скенлон изјавил дека најдобрите голфери, вклучувајќи ги Тајгер Вудс и Анике Серенстам, би ја покажале својата поддршка за вклучувањето на голфот на олимписките игри преку нивното учество.
Во мај 2012, Меѓународната едриличарска федерација објавила дека сурфањето на ветар на игрите во 2016 ќе биде биде заменето со сурфање со воздушен змеј, но оваа одлука била повлечена во ноември истата година Во јануари 2013, МОК најавил дека ќе изврши ревизија на статусот на велосипедизмот како резултат на признавањето на Ленс Армстронг дека користел недозволени средства и обвинувањата дека Меѓународниот велосипедистички сојуз ја прикривал употребата на вакви средства. По исклучувањето на игрите во 2012, Меѓународната гимнастичка федерација соопштила дека на игрите повторно ќе биде одржан егзибициски настан во гимнастика.
Земји-учеснички мини|center|500п|Карта на светот со земјите-учеснички обележани по бројот на учесници Сите 206 национални олимписки комитет учествувале на игрите со по најмалку еден учесник. Првите три земји кои обезбедиле учество на игрите биле Германија, Велика Британија и Холандија, кои обезбедиле учество за четворица спортисти во екипна дресура со освојувањето на медал на Светското првенство во коњички спорт 2014. мини|лево|180п|Австралиски олимпијци на игрите облечени во униформи
Како земја-домаќин, спортистите од Бразил обезбедиле автоматско учество во некои спортови, вклучувајќи ги сите велосипедски дисциплини и шест натпревари во кревање тегови. Летните олимписки игри 2016 биле првите на кои учествувале спортисти од Косово и Јужен Судан.
Во октомври 2015, Кувајт биле казнети по вторпат во пет години заради владино мешање во националниот олимписки комитет, така што спортистите на оваа земја на игрите ќе настапат под олимпиското намсто под националното знаме. Кревачите на тегови од Бугарија и Русија добиле забрана за настап на игрите заради бројни прекршување во борбата против употребата на недозволени средства.
Бегалски спортисти