Никола Ѓорѓев (роден на 22 август 1997 г) — македонски фудбалер роден во Швајцарија, играч од средниот ред на Грасхопер и на македонската репрезентација.
Клупска кариера Ѓорѓев е производ на младинската академија на швајцарскиот клуб Грасхопер. Својот прв натпревар во Суперлигата на Швајцарија тој го одиграл на 14 март 2015 година против Тун влеѓувајќи од клупата за резервни играчи во 77 минута од натпреварот.
Својот прв гол во европските натпреварувања, Ѓорѓев го постигнал во гостинското реми од 3-3 на Грасхопер против исландскиот клуб Рејкјавик во второто коло од УЕФА Европа лигата во сезоната 2016/17.Ѓорѓев стрелаше за Грасхоперс против Рејкјавик ekipa.mk; 14 јули 2016 Во третото коло, Ѓорѓев го однел Грасхопер во плеј-оф рундата, откако во вториот натпревар на гостински терен против кипарскиот клуб Аполон Лимасол бил асистент, а потоа и стрелец на гол во 121. минута од продолженијата.Македонија има 18-годишен „бисер“: Ѓорѓев со асистенција и гол го спаси Грасхоперс (ВИДЕО) gol.mk; 4 август 2016
Репрезентативна кариера Ѓорѓев е роден во Швајцарија од македонски родители кои имаат потекло од Ново Село, Македонија, и првично настапувал за помладите државни репрезентации на Швајцарија. Сепак, тој решил да настапува за репрезентацијата на МакедонијаПретседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски му посака добредојде на Никола Ѓорѓев ФФМ; 13 април 2016, за која својот прв натпревар го одиграл на 29 мај 2016 година на пријателскиот натпревар против Азербејџан на кој Македонија победила со резултат 3-1.
Во јуни 2017, тој бил избран меѓу 23-цата играчи на македонската репрезентација за Европското првенство за играчи под 21 година 2017 во Полска. На 20 јуни 2017 во вториот натпревар од групната фаза против Србија што завршил нерешено 2-2, Ѓорѓев постигнал прекрасен погодок во 83-тата минута носејќи ја Македонија во водство од 2-1.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 19 јуни 2017.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 Грасхопер ШСЛ 2 0 КШ 0 0 ЛШ+ЛЕ 0Во квалификациите+0 0+0 - - - 2 0 2015-2016 ШСЛ 12 1 КШ 1 0 - - - - - - 13 1 2016-2017 ШСЛ 18 0 КШ 2 1 ЛЕ 5 2 - - - 24 3Вкупно Грасхопер 32 1 - 3 1 - 5 2 - - - 39 4 2017-2018 Твенте E 2 0 КХ 1 0 - - - - - - 3 0Вкупно во кариерата 34 1 - 4 1 - 5 2 - - - 42 4
Наводи
Надворешни врски
Никола Ѓорѓев на soccerway Никола Ѓорѓев на transfermarkt
Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Грасхопер Категорија:Фудбалери на ФК Твенте