Тамара Натановна Прес (родена на 10 мај 1937 г.) — поранешна советска атлетичарка која доминирала во дисциплините фрлање ѓуле и фрлање диск во раните 1960. години. Таа освоила три златни и еден сребрен медал на Летните олимписки игри во 1960 и 1964 година и три европски титули од 1958 до 1962 година. Меѓу 1959 и 1965 година таа поставила 11 светски рекорди: пет во фрлање ѓуле и шест во фрлање диск. Во рамките на СССР, таа освоила 16 државни титули, девет во фрлање ѓуле (1958–66) и седум во фрлање диск (1960–66).
Нејзината помлада сестра Ирина Прес исто така била истакната атлетичарка, но главно во спринтерските дисциплини.
Кариера Прес е родена во семејство на еврејски родители во Харков, Украина. Нејзиниот татко загинал борејќи се во Втората светска војна во 1942 година, а нејзината мајка ги однела сестрите во Самарканд, каде започнале да се занимаваат со атлетика. Во 1955 година Прес се преселила во Санкт Петербург за да тренира со познатиот тренер Виктор Алексејев. Следната година таа се наоѓала на краткиот олимписки список, но сепак не била дел од олимпискиот тим поради големата конкуренција во фрлачките дисциплини.
Повлекување и гласини околу полот Таа и нејзината сестра Ирина биле обвинети дека се мажи или хермафродити и поради тоа често биле нарекувани "браќата Прес"."Switch hitter: If a man has a sex change can he compete in the Olympics as a woman?" thestraightdope.com. 22 август 2008Olympic Gender Drama-The Press Sisters. TransGriot. 9 ноември 2011 Тие ја завршиле својата кариера во 1966 година, пред половата верификација да стане задолжителна. По повлекувањето, Прес работела како тренер и судија во Москва. Таа исто така напишала неколку книги на спортски, општествени и економски теми. Во 1974 година таа дипломирала педагогија.
Таа била наградена со Орденот на Ленин (1960), Орденот на честа (1964) и Орденот на пријателство (1997).
Наводи
Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Советски атлетичари Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за СССР Категорија:Олимписки сребрени медалисти за СССР Категорија:Луѓе од Харков Категорија:Украински Евреи Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Починати во Москва