Софи Тарнер (родена на 21 февруари 1996 г.) — англиска глумица.
Тарнер го имала своето професионално глумечко деби како Санса Старк во серијата Игра на тронови, која ѝ донела светско признание и пофалби од страна на филмските критичари. За нејзината изведба, таа добила четири номинации за наградата на здружението на глумци за најдобра глумечка екипа во драмска серија, како и номинација за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија.
Tарнер глумела во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна (2013), а прва улога во долгометражен филм добила во трилерот Друга јас (2013). Таа исто така глумела во комедијата Едвај смртоносна (2015) и во Икс-мен: Апокалипса (2016).
Кариера Од 2011 година, Тарнер ја играла Санса Старк, млада благородничка, во серијата Игра на тронови. Санса била нејзина прва филмска улога. Таа била охрабрена од нејзината драмска учителка да се пријави на аудиција за улогата, притоа заради улогата ја променила својата боја на коса од руса во костенлива. Во 2012 година, таа била номинирана за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија за нејзината изведба на Санса. Досега, Тарнер се појавила во сите шест емитувани сезони од серијата. Во 2013 година, таа ја добила својата прва улога во долгометражен филм, играјќи главна улога во независниот трилер Друга Јас, заснован на истоимениот роман од Кетрин Макфејл. Таа исто така играла во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна.
Во 2013 година, таа добила улога во комедија Едвај смртоносна, заедно со Хејли Стајнфелд. Тарнер била и раскажувач на расказот на Лев Гросман, Девојката во огледалото во аудиокнигата Опасни жени, која е антологија на раскази кои ги уредил Џорџ Р. Р. Мартин. Тарнер ја играла Џин Греј во научнофанатастичниот филм Икс-мен: Апокалипса, кој бил издаден во мај 2016 година. На 9 мај 2016 година, било објавено дека таа ќе се појави во дел од антологискиот филм Берлин, те сакам, кое е четврто продолжение на франшизата Градови на љубов.
Филмографија
Филм Год. Наслов Улога Белешки 2013 Друга јас Феј Делусеј 2015 Едвај смртоносна Хедер 2016 Икс-мен: Апокалипса Џин Греј / Феникс 2016 Сама Пенелопе Постпродукција 2017 Хантсвил Џоузи Се снима
Телевизија Год. Наслов Улога Белешки 2011–сè уште Игра на тронови Санса Старк Главна улога; од сезона 1-сè уште 2013 Тринаесеттата приказна Младата Аделин Марч ТВ филм
Наводи
Надворешни врски
Sophie Turner at the Design Center database
Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски глумици Категорија:Луѓе од Нортхемтоп