Хардегзен () — мал град во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на околу 15 километри југозападно од градот Нортхајм и 15 километри северозападно од градот Гетинген.

Градот Хардегзен го има прекарот „Портата кон Золинг“. Познат е по куќите изградени во фахверк и замокот Хардег.

Географија

Хардегзен се наоѓа на западниот брег на Лајне и источно од Золинг. Низ градот тече Есполде и потоко Шетелбах, кој се влева во Есполде.

Градски единици

Аше Елироде Ертингхаузен Еспол Гладебек Хардегзен Хетензен Хефензен Лихтенборн Лутерхаузен Треген Исингхаузен

Замок Хардег

Замокот Хардег е средновековен замок во градот Хардегзен. Бил основан во век како резиденција на Велфската династија. Во 1320 година, камениот замок бил повторно изграден од Конрад и Лудвиг фон Росдорф. Кон крајот на век, замокот припаднал на Ото фон Брауншвајг цу Гетинген. Од 1568 до 1823 година бил седиште на локалниот суд. Кон крајот на век, замокот Хардег бил претворен во фарма. Во 1972 година припаднал на општината.

Сообраќај

Хардегзен е поврзан железнички со градот Нортхајм и јужниот дел на Природниот парк Золинг-Фоглер.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Нортхајм (округ) Категорија:Хановер (покраина)