Невозможна мисија е филмски серијал на акционо-шпионски филмови засновани на истоимената телевизиска серија. Серијалот филмови главно е продуциран од Том Круз, кој го игра Итан Хант, агент на Единицата за невозможни мисии.
Започнувајќи во 1996 година со првиот филм Невозможна мисија 1, серијалот ги следи мисиите на главниот теренски тим на Единицата за невозможни мисии, под водство на Хант, кој има за цел да ги запре непријателските сили и да спречи престојни глобални катастрофи. Серијалот се фокусира на ликот на Хант, и исто како и телевизиската серија, е надополнет со споредни ликови како Лутер Стикел (го игра Винг Рејмс) и Бенџи Дан (го игра Сајмон Пег).
Серијалот добил генерално позитивни критики. Тој е 17. серијал со највисока заработка на сите времиња, со заработка од 4.09 милијарди долари во светски рамки, и често се наведува како еден од најдобрите акциони франшизи. Шестиот филм, Невозможна мисија: Последици, издаден на 27 јули 2018 година е филм со најголема заработка во серијалот.
Во 2024 година, серијалот ги добил првите номинации за Оскар, при што седмиот филм, Невозможна мисија: Одмазда добил номинации во категориите најдобри визуелни ефекти и најдобар звук на 96. доделување на Оскарите.
Филмови Невозможна мисија (1996)
Итан Хант е наместен за убиството на неговите колеги агенти за време на мисија во амбасадата во Прага и погрешно обвинет за продавање на владини тајни на мистериозен меѓународен криминалец познат само како „Макс“. Во бегство, Итан се обидува да го открие вистинскиот предавник и да го исчисти своето име.
Невозможна мисија 2 (2000)
Итан е пратен на мисија во Сиднеј и работи со професионалниот крадец Наја Нордоф-Хол (Танди Њутон). Дуото тајно се обидува да го спречи планот на одметнатиот агент на Единицата за невоможни мисии, Шон Амброс (Дагреј Скот) (кој исто така е поранешно момче на Наја) да украде смртоносен вирус за да започне пандемија и да го продаде противотровот на оној купувач што ќе понуди најмногу.
Филмот има силни тематски сличности со шпионскиот трилер филм Озогласена од 1946 година режиран од Алфред Хичкок.
Невозможна мисија 3 (2006)
Итан е свршен со Џулија Мид (Мишел Монаган), која не е свесна за неговата вистинска професија. Тој составува тим за да се соочи со недопирливиот брокер за оружје и информации Овен Дејвијан (Филип Сејмур Хофман) кој има намера да продаде мистериозен опасен предмет познат како „зајаковото стапало“.
Невозможна мисија: Протокол дух (2011)
Итан и целата Единица за невозможни мисии се наместени за бомбардирање на Московскиот кремљ додека истражуваат личност позната под псвдонимот „Кобалт“ (Михаел Никвист). Итан и три други агенти остануваат сами да го спречат Кобалт да започне светска јадрена војна.
Невозможна мисија: Одметници (2015)
Единица за невозможни мисии се наоѓа под закана од „Синдикатот“, меѓународен криминален конзорциум за кој ЦИА не верува дека постои и за кој смета дека е плод на фантазиите на Итан. Соочен со расформирање на Единицата, Итан Хант, кој станува бегалец, го составува тајно својот тим за нивната најтешка мисија досега — да го докажат вистинското постоење на „Синдикатот“ и да ја поразат организацијата по секоја можна цена.
Невозможна мисија: Последици (2018)
Кога мисијата за враќање на плутониум ќе тргне наопаку, светот се соочува со заканата од Апостолите, терористичка група формирана од поранешни членови на „Синдикатот“. Како што Итан Хант се обидува да ја исполни првичната мисија, ЦИА почнува да ја доведува во прашање неговата лојалност и неговите мотиви.
Улоги Лик Филм Невозможна мисија(1996) Невозможна мисија 2(2000) Невозможна мисија 3(2006) Невозможна мисија: Протокол дух (2011) Невозможна мисија: Одметници (2015) Невозможна мисија 6(2018) Итан Хант Том Круз Лутер Стикел Винг Рејмс Бенџи Дан Сајмон Пег Вилијам Брандт Џереми Ренер Илза Фауст Ребека Фергусон Џим Фелпс Џон Војт Клер Фелпс Емануел Беар Јуџин Китриџ Хенри Черни Франц Кригер Жан Рено Сара Дејвис Кристин Скот Томас Макс Ванеса Редгрејв Џек Хармон Емилио Естевез Хана Вилијамс Ингеборга Дапкунаите Френк Барнс Дејл Дај Шон Емброуз Дугреј Скот Наја Нордоф-Хол Танди Њутон Хју Стемп Ричард Роксбург Били Беирд Џон Полсон Џон К. Меклој Брендан Глисон Д-р. Нехорвич Раде Шербеџија Свонбек Ентони Хопкинс Валис Вилијам Мејпотер Улрих Доминик Персел Овеј Давиан Филип Сејмур Хофман Џон Мусгрејв Били Крудап Деклан Гормли Џонатан Рис Маерс Линдзи Фарис Кери Расел Жен Леи Меги Кју Браунвеј Еди Марсан Теодор Брасел Лоренс Фишберн Џулија Мид Мишел Монаган Џејн Картер Пола Патон Курт Хендрикс Михаел Никвист Анатолиј Сидоров Владимир Машков Тревор Ханавеј Џош Холовеј Бриџ Нет Анил Капур Сабин Мореу Леа Седу Секретар Том Вилкинсон Мариус Вистром Самули Еделман Соломон Лејн Шон Харис Атли Сајмон Макберни Британски премиер Том Холандер Јаник Винтер Јенс Хултен Алан Ханли Алек Болдвин
Прифаќање Заработка Филм Датум на издавање во САД Буџет Бруто заработка Домашен пазар Меѓународен пазар Светски рамки Невозможна мисија 1 22 мај 1996 $80 милиони $180,981,856 $276,714,535 $457,696,391 Невозможна мисија 2 24 мај 2000 $125 милиони $215,409,889 $330,978,219 $546,388,108 Невозможна мисија 3 5 мај 2006 $150 милиони $134,029,801 $264,449,696 $398,479,497 Невозможна мисија: Протокол дух 16 декември 2011 $145 милиони $209,397,903 $485,315,477 $694,713,380 Невозможна мисија: Одметници 31 јули 2015 $150 милиони $195,042,377 $487,674,259 $682,716,636 Невозможна мисија: Последици 27 јули 2018 $178 милиони $220,159,104 $571,498,294 $791,657,398 Невозможна мисија: Одмазда 12 јули 2023 $291 милиони $172,135,383 $395,400,000 $567,535,383 Вкупно $1.047 милијарди $ $ $
Критики и јавни оцени Серијалот филмови „Невозможна мисија“ добил позитивни критики од критичарите и публиката, при што последните четири филмови привлекуваат значителни пофалби насочени кон нивната режија, кинематографија, акробации, акциски секвенци и филмска музика.
Филм Rotten Tomatoes Metacritic CinemaScore (65 ревизии) 59 (29 ревизии) B+ (155 ревизии) 59 (40 ревизии) B (224 ревизии) 66 (42 ревизии) A− (253 ревизии) 73 (47 ревизии) A− (328 ревизии) 75 (46 ревизии) A− (442 ревизии) 87 (60 ревизии) А (427 ревизии) 81 (66 ревизии) А
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Филмски серии