„Сеќавањето на Шекспир“ (шпански: La memoria de Shakespeare) — збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.
Содржина Збирката ги содржи четирите последни раскази што ги напишал Борхес:Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016. „Дваесет и петти август 1983 година“ „Сини тигри“ „Розата на Парацелзус“ „Сеќавањето на Шекспир“
Изданија на македонски јазик Во 2016 година, збирката била објавена на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 300 примероци. Преводот од шпански јазик го направил Ненад Велковски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а лектурата ја направила Ирена Ралева. Книгата била преведена со финансиска помош на програмата за преводи „Сур“, на Министерството за надворешни работи и култура на Република Аргентина, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 74 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-47-5.
Наводи
Категорија:Дела на Хорхе Луис Борхес Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Појавено во 2016 година во Македонија Категорија:Аргентински раскази Категорија:Книги на шпански јазик