„Извештај од Октомвриску“ — рап (бум-бап) албум на кумановската група „Подземан ефект“. Албумот првично требало да излезе во 2004 година, но поради технички проблеми (лоши услови за снимање, недостиг на опрема за снимање и неодговорност на нивниот продуцент), групата морала да го преснима целиот албум повторно и тој бил објавен во форма компакт-диск, во 2010 година (иако на албумот не е наведена годината на издавањето). Албумот е составен од вкупно 17 песни кои се напишани на кумановски дијалект, што е препознатлив знак на групата. На албумот, двајцата членови на групата, Ти-Гоуст и Миљуш, зборуваат за околностите во нивната населба.

Автори на музиката и текстовите се членовите на групата, продукцијата е дело на Хагенит (Hagenith), а графичкиот дизајн е дело на vespertine.Подземан ефект, Извештај од Октомвриску (CD, без дата).

Песни Албумот се состои од 18 песни:Подземан ефект, Извештај од Октомвриску (CD, без дата). Увод у подземје Подземан стил Како стоив ствари Тврдокорни на микрофони 100% реално Стиховни факти Џабе ви све Лирички вештине Емси свакодневно Хардкор до коску Тотална доминација Не ни га сфаќав филм Услови нула Што се дешава? Да ти ебу детство С'с тек на време Презентација на кумановски рап Слободан рецитат

Наводи

Категорија:Албуми на Подземан ефект Категорија:Македонски дела од 2010 година Категорија:Појавено во 2010 година во Македонија