Анхел Мартин Кореја Мартинес (роден на 9 март 1995, во Росарио) — аргентински фудбалер, напаѓач на Тигрес и на аргентинската репрезентација.

Клупска кариера Сан Лоренцо Роден во Росарио, Санта Фе, Кореја се приклучил на младинската академија на Сан Лоренцо во 2007 година, на 12-годишна возраст, откако претходно бил на проба. Во летото во 2012 година, тој требало да се приклучи на португалскиот клуб Бенфика како слободен играч, но на крајот зделката пропаднала.

Кореја потпишал четиригодишен професионален договор со Сан Лоренцо на 23 септември 2012 година, и бил промовиран во првиот тим во јануари 2013 година. На 31 март, тој го одиграл својот прв професионален натпревар за клубот, влегувајќи како замена во второто полувреме од натпреварот против Њуелс Олд Бојс.

На 11 мај 2013 година, Кореја го постигнал својот прв гол за Сан Лоренцо во домашната победа од 3–0 над Бока Јуниорс. Тој ја завршил сезоната 2012–13 со 13 одиграни натпревари и четири постигнати голови.

Атлетико Мадрид На 27 мај 2014 година, откако ја завршил сезоната 2013–14 со шест постигнати голови, Кореја потпишал со актуелниот шампион на шпанската Ла лига, Атлетико Мадрид за сума од 7.5 милиони евра. Тој потпишал петгодишен договор со клубот од Мадрид, и се приклучил на клубот веднаш по Копа Либертадорес 2014.

Во јуни 2014 година, на Кореја му бил дијагностициран израсток на срцето кој го оддалечил шест месеци од фудбалските терени. По извршената операција на 18 јуни во Њујорк, тој започнал со лесни тренинзи во август, и официјално се приклучи на клубот на 13 декември.

На 22 август 2015 година, Кореја конено го одиграл својот прв натпревар за Атлетико Мадрид, заменувајќи го Оливер Торес во домашната победа од 1–0 над Лас Палмас. Кореја го постигнал својот прв гол за клубот на 19 септември 2015 година, постигнувајќи го првиот гол во гостинската победа од 2–0 против Еибар; тој исто така му асистирал на Фернандо Торес при вториот гол.

Репрезентативна кариера

На 11 декември 2014 година, Кореја бил вклучен во списокот од 32 играчи за составот на Аргентина до 20 години за младинското фудбалско првенство на Јужна Америка одржано во Уругвај во 2015 година. Подоцна тој бил вклучен и во конечниот список за првенството, на кое постигнал 4 гола и помогнал Аргентина да стане шампион.Argentina se proclamó campeón del Sudamericano Sub 20 2015 americatv.com 7 февруари 2015

На 4 септември 2015 година, Кореја го направил своето деби за сениорскиот тим на Аргентина, заменувајќи го Есекиел Лавеци во победата од 7–0 на домашен терен над Боливија, исто така постигнувајќи го последниот гол на натпреварот.

Следната година, тој настапувал за Олимписката репрезентација на Аргентина на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро.

Хронологија на репрезентативните настапи

Успеси Клупски Сан Лоренцо Примера Дивисион : 2013 Копа Либертадорес : 2014

Атлетико Мадрид УЕФА Лига на шампиони : Финалист 2015–16

Репрезентативни Аргентина под 20 години Младинско првенство на Јужна Америка : 2015

Наводи

Надворешни врски

ESPN Deportes profile

Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сан Лоренцо Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на Тигрес УАНЛ Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико)