Селисма (, до 1927 година ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σέλισμα -- Διασελάκι) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 2 жители.
Географија Селото се наоѓа на околу 7 км југозападно од градот Дескати, 70 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 750 м. Земјиштето се наоѓа меѓу македонската река Бистрица и тесалиската Пенеј.
Историја За време на Османлиското Царство Селисма се појавува како село во документ на манастир од Метеора во 1613-1614 година. По присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција во 1881 година, Селисма останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Новата османлиско-грчка граница минува на неколку километри јужно од селото. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Селисма (Σέλισμα) живееле 34 Грци христијани. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 114.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Селисма станува дел на Кралството Грција. Во 1927 година името на селото е променето во Дјаселаки. Демографија Пописи Движењето на населението по години е следното: 1913 – 51 жител 1920 – не е регистрирано 1928 – 33 жители
Наводи
Категорија:Дескати