Пичуѓа или Пичунгија (, Дасохори) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 161 жител.
Географија Селото се наоѓа на околу 6 км јужно од Дескати, 65 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 750 м. Географски селото ѝ припаѓа на Тесалија, а административно на Западна Македонија.
Историја За време на Османлиското Царство Селото Пичуѓа се споменува во документи од XV век.
По присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција во 1881 година, Пичуѓа останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Новата османлиско-грчка граница минува на неколку километри јужно од селото. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Писугја (Πισούγια) живееле 210 Грци христијани Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 114.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пичуѓа станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е променето во Дасохори.
Демографија Пописи Движењето на населението по години е следното: 1913 – 171 жител 1920 – 149 жители 1928 – 182 жители
Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
Категорија:Дескати