мини|220px|Шума на Медведница мини|220px|Растителен свет на Медведница Медведница или Загрепска Гора () - планина северно од Загреб. Сљеме, нејзиниот највисок врв (1033 м), е популарно излетничко место до кое се стигнува по пат или пешки, планинарејќи. Од 1963 до 2007 година до Сљеме возела жичница. Билото на Медведница е долго 42 км и се протега во насока североисток – југозапад. Планината е пошумена. Во 1981 година, западниот дел на Медведница е прогласен за природен парк .
Скијање
На Сљеме се наоѓа скијачка патека која е една од локациите за натпревари во светскиот скијачки куп (Снежна кралица), а од јануари 2005 година, се одржуваат трки за женскиот светски скијачки куп. Скијалиштето располага со три скијачки жичници: троседешница и две влечници – сидра. Додадена е опрема за производство на вештачки снег и поради тоа сезоната на скијање е продолжена на повеќе од четири месеци. Постојат три начини за да се стигне до планината: по пат (со автомобил или автобус) или пеш (бројни планински патеки). Во минатото бил присутен и гондола лифт кој започнувал од населбата Грачани веднаш под Медведница. Жичарницата работела од 1963 до 2007 година, кога по големата грешка во машинската соба ги направила поправките економски невозможни. Гондолата имала капацитет за четири лица, со патување од 23 минути, поминувајќи растојание од 4023 m. Новиот гондола-лифт ќе ја користи постојната рута проширена за 3 кмНа Медведница има десетици планински колиби за традиционални еднодневни патувања до планината. Поради својата близина до Загреб, Медведница има многу посетители, особено за време на викендите.
Наводи
Надворешни врски
Stranica Parka prirode Medvednica Medvednica.info
Категорија:Хрватска Категорија:Планини во Хрватска