Фудбалски клуб Железничар е фудбалски клуб од Сараево, Босна и Херцеговина и еден од најголемите и најуспешните клубови во земјата. Името Железничар значи "железнички работник", а клубот го носи ова име токму порад фактот дека бил основан од страна на група на железнички работници. Во Босна, клубот традиционално е познат по производството на талентирани играчи, наместо нивно купување. Клубот обично се потпира на продажба на своите најталентирани играчи на крајот на секоја сезона за да преживее финансиски.
Во времето на поранешна Југославија, ФК Железничар биле шампиони еднаш во сезоната 1971-1972, квалификувајќи се за Европскиот куп во 1972-1973 сезоната, каде што биле елиминирани во првата рунда. Клубот исто така завршил како вицешампион еднаш во лигата, и бил финалист во Купот на Југославија во сезоната 1980-1981. Во Европа, клубот е најпознат по достигнувањето до полуфиналето на Купот на УЕФА за време на сезоната 1984-1985 и четвртфиналето во сезоната 1971-1972.
Железничар е првиот босански клуб кој успеал да стигне до полуфиналето на Купот на УЕФА и еден од ретките тимови од Југославија кои некогаш успеале да го сторат тоа. Железничар е исто така најуспешниот фудбалски тим во денешна Босна и Херцеговина, со освоени 6 првенства на Босна и Херцеговина, 5 купа и 3 суперкупа. Клубот никогаш не успеал да се квалификува за Лигата на шампионите (во ерата пост Европскиот куп), а како најдобар резултат на клубот би можело да се истакне достигнувањето до третото (последно) квалификациско коло во сезоната 2002-2003, во кое загубиле од Њукасл Јунајтед со вкупен резултат 0-5. Според списокот на IFFHS од Топ 200 европски клубови на 20-от век, организација призната од страна на ФИФА, Железничар е највисоко рангираниот босански клуб, на делба на 110-тотот место на листата заедно со АЗ Алкмар и Виторија Сетубал.Europe's Club of the Century retrieved from www.iffhs.de, 13 September 2009
Своите домашни натпревари Железничар ги игра на стадионот Грбавица, кој е со капацитет од 17.000 седечки места. Основните бои на клубот се сината и белата и најчесто настапуваат сини дресови и шорцеви или бели дресови и шорцеви. Нивен најголем соперник им е локалниот градски конкурент ФК Сараево, со кого се натпреварува во Дербито на Сараево, во кое гледано историски Железничар доминира. Низ историјата клубот има произведено многу великани на југословенскиот и босанскиот фудбал, како: Ивица Осим, Јосип Каталински, Мишо Смајловиќ, Благоје Братиќ Хајрудин Сарачевиќ, Јосип Букал, Божо Јанковиќ, Мехмед Баждаревиќ, Един Бахтиќ, Радмило Михајловиќ, Харис Шкоро, Никола Никиќ, Един Чуриќ, Џелалудин Мухаремовиќ, Един Вишча и Един Џеко.
Титули Југославија Првенство на Југославија: 1 1971-1972 Босна и Херцеговина Првенство на Босна и Херцеговина: 6 (рекорд) 1997-1998, 2000-2001, 2001-2002, 2009-2010, 2011-2012, 2012-2013 Куп на Босна и Херцеговина: 5 (рекорд) 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2010-2011, 2011-2012 Суперкуп на Босна и Херцеговина: 3 (рекорд) 1998, 2000, 2001
Наводи
Надворешни врски
Официјална страна Официјална страна на навивачите на Железничар
Железничар
Категорија:Спортот во Сараево Категорија:Фудбалски клубови од Југославија