Франк Хенри Пјер Рибери (, роден на во ) — француски поранешен фудбалер, или .

Технички одлики Тој главно на почетокот на кариерата настапувал како крилен играч од средината на теренот, најчесто на левата страна, иако игра со десната нога, и е познат по брзиот чекор, енергијата, вештините и прецизните додавања. Рибери е опишан како играч кој е брз и одличен дриблер, кој има голема контрола над топката. Откако се приклучил на Баерн, тој бил признат на светската фудбалска сцена како еден од најдобрите француски фудбалери на својата генерација.

Претходниот талисман на француската репрезентација, Зинедин Зидан, го нарекол Рибери „Бисер на францускиот фудбал“.

Клупска кариера Почетоци Рибери ја започнал својата кариера, во 1989 година на возраст од само 6 години, приклучувајќи се во академијата на локалниот аматерски клуб Конти Булоњ. Тој го напуштил клубот по седум години и во 1996 година преминал во младинската школа на Лил, но по три години поради тешкотии во прилагодувањето се вратил во Булоњ. Во 1999 година, Рибери му се приклучил на УС Булоњ, каде дебитирал како професионалец во Аматерското првенство на Франција.

Во 2002 година, тој се преселил во Алес, а следната година го носел дресот на екипата на Брест.

Во 2004 година, Рибери бил ангажиран од страна на екипата на Мец, со која го направил своето деби во најсилната француска фудбалска лига, Лига 1. Иако во првиот дел од сезоната бил стандарден и забележал 20 настапи и 2 гола во лигата за Мец, сепак тој го напуштил клубот и се преселил во Турција по само шест месеци по доаѓањето во Мец.

Галатасарај Во јануари 2005, Рибери потпишал за Галатасарај. Својата највпечатлива партија во дресот на "Галата" ја имал во финалето на Купот на Турција, каде тој бил клучна фигура на својот тим во незаборавната победа со 5-1 над Фенербахче на 11 мај 2005. Рибери го постигнал првиот гол во натпреварот по само 15 минути игра и асистирал за уште еден пред да биде заменет во второто полувреме. Освојувањето на Купот на Турција, всушност бил неговиот прв освоен трофеј во кариерата. Сепак и покрај среќниот крај на сезоната, Рибери си заминал од клубот на контроверзен начин, со цел да се врати во Франција.

Олимпик Марсеј Во летото 2005 година, Рибери се вратил во својата татковина потпишувајќи договор на пет години со Олимпик Марсеј. Своето деби за клубот го имал на 30 јули 2005, во поразот со 2-0 од . Својот прв гол за клубот го постигнал на 17 септември во победата со 2-1 над Троа. Во својата прва сезона, тој му помогнал на клубот да стигне до финалето на Купот на Франција во кое тие сепак биле поразени од на Стад де Франс со 1-2. Вкупно за Олимпик Марсеј одиграл две сезони во кои забележал 89 настапи и постигнал 18 голови.

Бајерн Минхен thumb|right|250px|Рибери во Бајерн Минхен со дресот со број 7. Во 2007 година, Рибери се преселил во германскиот гигант Бајерн Минхен за сума од 25 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор.

Во 12 сезони колку што поминал во Бајерн, тој освоил со нив буквално сè што можело да се освои вклучувајќи: девет титули во Бундеслигата, шест во Купот на Германија, еден Лига куп, четири суперкупа, како и Лигата на шампионите во сезоната 2012-2013, Светското клупско првенство (2013) и Суперкупот на УЕФА (2013). Неговата одлична форма и одличните игри на Бајерн во сезоната 2012-2013, во која клубот ја освоил тројната круна, го довела Рибери до номинација во изборот за најдобар играч на годината и добитник на Златната топка, заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо која сепак на крајот му припаднала на португалецот од екипата на Реал Мадрид.

Вкупно за Бајерн Минхен одиграл 425 натпревари и постигнал 124 голови.

Фјорентина Во август 2019 година, Рибери како слободен играч потпишал едногодишен договор со италијанската . Своето деби за виола го направил на 24 август, влегувајќи како замена во првото коло на Серија А во поразот со 3-4 на домашен терен од . Својот прв гол за клубот го постигнал во ремито 2-2 на гостувањето кај на 22 септември.

Репрезентативна кариера Во периодот помеѓу 2006 и 2014 година, Рибери одиграл 81 натпревар за француската сениорска репрезентација. Тој исто така ја претставувал својата држава на две Светски првенства во 2006 и 2010 и две Евроски првенства во 2008 и 2012 година.

Своето деби за репрезентацијата Рибери го направил во мај 2006 година против Мексико. Својот прв репрезентативен погодок го постигнал на Светското првенство 2006, против Шпанија, а на истото првенство играл и во финалето во против Италија во кое неговата репрезентација загубила по изведување на пенали.

Својот последен настап за "триколорите" го имал во март 2014 година, кога влегол како замена во второто полувреме при победата со 2-0 над Холандија во пријателски натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули

Клупски Галатасарај Куп на Турција : 1 2004-2005.

Олимпик Марсеј Интертото куп : 1 2005.

Бајерн Минхен Бундеслига : 9 (рекорд) 2007-2008, 2009-2010, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019. Куп на Германија : 6 2007-2008, 2009-2010, 2012-2013, 2013-2014, 2015-2016, 2018-2019. Лига куп на Германија : 1 2007. Суперкуп на Германија : 4 2012, 2016, 2017, 2018. Лига на шампиони : 1 2012-2013 (финале 2009-2010, 2011-2012). Суперкуп на УЕФА : 1 2013. Светско клупско првенство : 1 2013.

Репрезентација Франција Светско првенство : финале 2006.

Наводи

Надворешни врски

Франк Рибери на soccerway Франк Рибери на transfermarkt Франк Рибери на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Фудбалери на ФК Мец Категорија:Француски муслимани