Кикинда — град и административен центар на округот Северен Банат во автономната покраина Војводина, Србија. Урбаното подрачје на градот има 38.065 жители, додека административна област на градот има 59.453 жители.

Градот бил основан во 18 век. Од 1774 до 1874 година Кикинда било седиште на областа Голема Кикинда, автономна административна единица на Хабсбуршката монархија. Во 1893 година на Кикинда ѝ бил доделен статус на град. Градот станал дел од кралството Србија (и кралството на Србите, Хрватите и Словенците) во 1918 година.

Во 1996 година, добро сочувани археолошки остатоци од половина милион-годишниот стар мамут биле ископани на периферијата на градското подрачје. Мамутот наречен „Кика“ станал еден од симболите на градот. Денес остатоците се изложени во Националниот музеј на Кикинда. Други занимливости во градот се „Сувача“ - уникатна мелница придвижувана од магаре, годишните денови на тиквата,Kika Online: Dani ludaje u Kikindi... и меѓународниот симпозиум на скулптура „Тера“. Многубројните зимски гнезда на планинскиот був се лесно достапни, бидејќи се наоѓаат во градските паркови и затоа тие привлекуваат набљудувачи на птици од земјата и странство.

Демографија Според пописот од 2011, во градот Кикинда живеат следниве етникуми: Срби = 44,846 (75.43%) Унгарци = 7,270 (12.23%) Роми = 1,981 (3.33%) Други = 5,356 (9.01%)

Познати жители Мирослав Антиќ – поет Ѓура Јакшиќ – сликар Младен Крстаиќ – фудбалер Саво Савановиќ – вампир од народните приказни Срѓан Срдиќ – писател

Збратимени градови Кикинда е збратимена со: Нарвик, Норвешка Назарет Илит, Израел Бихаќ, Босна и Херцеговина Приедор, Босна и Херцеговина Решица, Романија Жомбољ, Романија Меџидија, Романија Кишкунфелеќхаза, Унгарија Кондорос, Унгарија Наѓдобос, Унгарија Солнок, Унгарија Жилина, Словачка Силистра, Бугарија Шверте, Германија

Клима

Наводи

Поврзано Градови во Србија

Надворешни врски

Официјално мрежно место на градот

Категорија:Градови во Србија