Хабиер "Чаби" Алонсо Олано (; ) — е поранешен шпански фудбалер кој настапувал како играч од средината на теренот и моментален тренер на Реал Мадрид.

Алонсо ја започнал својата кариера во ФК Реал Сосиедад, главниот тим во неговата покраина Гипускоа. По краток период на позајмица во Еибар, тој се вратил во Сосиедад каде што тогашниот менаџер Џон Тошак го назначенил Алонсо како негов капитен. Алонсо успеал во улогата, предводејќи го Реал Сосиедад на второто место во сезоната 2002-03 во Ла Лига. Добрите игри во Сан Себастијан му овозможиле трансфер во Ливерпул во август 2004 година за 10,5 фунти £. Тој уште во првата сезона ја освоил Уефа Лигата на Шампионите, под раководство на Рафаел Бенитез, постигнувајќи гол за израмнување во финалето одиграно ви Истанбил против Милан. Следната сезона, тој го освоил ФА Купот и ФА Комјунити Шилд. Во 2009 година тој се преселил во Реал Мадрид во договор во вредност од околу £30 милиони фунти. По пет сезони во клубот, тој ја освоил титулата во Ла Лига во 2012 година, под водство на Жозе Мурињо и Лигата на шампионите во 2014 година под водство на Карло Анџелоти. Со доаѓањето на германскиот репрезентативец Тони Крос во Реал Мадрид, тој заминал во спротивен правец во Бундеслигашот Баерн Минхен на договор од две години.

Тој го направил своето меѓународно деби за Шпанија во април 2003 година, против Еквадор со победа од 4-0. Додека играл за Шпанија, Алонсо ги освоил Евро 2008, Евро 2012 и Светското првенство 2010, и тој, исто така, ја претставувал неговата земјата на Евро 2004 и Светското првенство 2006. На 23 јуни 2012 година, Алонсо го прославил својот 100-ти настап за Шпанија во четврт-финалето на Евро 2012 против Франција и го прославил со постигнати два гола за Шпанија за да ја внесе својата репрезентација во полуфиналето. По неуспехот на Шпанија да напредува од фазата по групи на Светското првенство 2014, Алонсо се повлекол од репрезентацијата на 27 август 2014 година. Неговите 114 настапи го довеле меѓу петте фудбалери со најмногу настапи за Шпанија .

Наводи

Надворешни врски

Profile on Realmadrid.com BDFutbol profile National team data 2010 FIFA World Cup profile

LFCHistory.net Profile Profile at BBC Sport

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Баскиски фудбалери Категорија:Баскиски фудбалски репрезентетивци